Инбоксот на Димитар Атанасовски преплавен со предлози и решенија за неговиот проблем
- Детали
- понеделник, 14 декември 2020
Актуелната ситуација со пандемијата предизвикана од корона вирусот го промени начинот на живот кај сите. Поради мерките и препораките кои се донесени за заштита од вирусот, најголем дел од времето го поминуваме дома затворени во една просторија, пред телевизорот или пред лаптопот.
Голем дел од компаниите ги пренасочија своите канцеларии во домовите на секој вработен, а тоа придонесува за помалку излегување на отворено и поминување на помалку време во природа.
Овој нов начин на живеење носи со себе и некои проблеми. Голем дел од луѓето секојдневно се соочуваат со главоболка, а решение за истата наоѓаат многу тешко. Поминувајќи најголем дел од денот пред екраните дополнително им се зголемува можноста за главоболка.
Македонскиот ТВ и радио водител, Димитар Атанасовски, пред неколку дена на својот Инстаграм профил го сподели проблемот со кој се соочува веќе подолго време, константна главоболка. Димитар на своите следбеници им побара решение на неговиот проблем, а како одговор доби стотици мислења, предлози и решенија.
На неговото прашање, тој доби хумористични одговори, но и одговори кои навистина може да му помогнат во решавањето на проблемот. Следбениците му препорачаа да направи тест за корона вирусот, други му го споделија истиот или сличен проблем со кој се соочуваат, трети даваа мислњеа кој здравствен проблем би можело да го има, а некои пак му препорачаа да направи проверка на очите. Исто така, дел од следбениците го советуваа да проба да го реши својот проблем, со заштитни очила од брендот Barner.
Очилата од брендот Barner се со леќи кои имаат специјална обвивка кои ги заштитуваат очите. Barner очилата се препорачани за луѓе кои поминуваат долго време во затворен простор, а се изложени на зрачење и плавата светлина на дигиталните уреди, компјутери, телефони, телевизори или таблети. Носењето на Barner очилата влијае за подобрување на сонот, како и за зголемување на фокусот и концентрацијата. Големиот избор на очилата со висока заштита можат да се купат од продажните места на Нептун, во Скопје City Mall, Градски стадион Скопје, населба Аердором или на продажното место во Битола. Очилата со заштита од брендот Barner може да се купат од продажните места на Нептун, на 12 рати без камата, а промоцијата трае до 24 декември 2020 година. Дизајнот, квалитетот и удобноста на очилата го прават изборот полесен, а со тоа и гарантираат за подобро здравје на вашите очи.
Димитар ги послуша советите на своите следбеници и не се мислеше долго, па отиде во едно од продажните места на Нептун, каде што е достапен брендот Barner, за да ја разгледа понудата на очила со заштита. Тој по долгото разгледување, размислување и консултирање се одлучи за купување на заштитни очила од овој бренд и да проба дали тоа ќе биде решението на неговиот проблем со константната главоболка. А, според објавите и коментарите на неговиот Инстаграм профил се гледа дека со помошта на заштитните очила на Barner најефикасно, најпрактично и најбрзо го решил својот проблем.