Знаењето е нашата најдобра инвестиција
- Детали
- петок, 11 декември 2020
Како дел од грижата за генерациите кои доаѓаат и со цел овозможување на што подобро образование за сите, ИутеКредит Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје, доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
Во ИутеКредит Македонија сметаме дека знаењето е најдобрата инвестиција во иднината, па токму затоа одлучивме да им помогнеме на идните академски граѓани во земјата да добијат што е можно подобро образование, кое подоцна ќе го преточат во квалитет и успешно работење.
Првата стипендија која ИутеКредит ja обезбедува за академската 2021 година е за постдипломски студии на Факулетот за деловна економија и организациони науки, а конкурсот за истата ќе биде отворен на 10.12.2020 год. и ќе трае до 30.12.2020 год. Изборот на студент кој ќе ја добие стипендијата ќе биде направен врз основа на претходниот успех на студентот (просек 8), како и квалитетот на изработено истражување на тема “FinTech in Macedonia – Opportunities and Challenges.” Сметаме дека Финтек индустријата во светот, а и во Македонија е особено актуелна и ќе биде интересна тема за анализа и стекнување на нови познавања во оваа релативно нова област кај нас.
Ги повикуваме и охрабруваме сите заинтересирани студенти да се пријават на конкурсот и да станат потенцијални стипендисти на ИутеКредит Македонија.