11 декември е Светскиот ден на планината - прославете го со посета на некоја од македонските планински убавици (фото)
- Детали
- петок, 11 декември 2020
Нашата прекрасна Македонија е планинска земја. Речиси 80% од територијата на државата ја сочинуваат планините.
Македонија брои околу 70 планини и има неверојатно голем потенцијален за рурален туризам, како и за планински спортови. Највисок планински врв е Голем Кораб, висок 2764 m.
Во светски рамки, планините зафаќаат околу 26% од површината на земјата, а околу 12% од светската популација живее во овие предели.
Велат дека оној што еднаш ќе ја запознае убавината на планината, тешко може да се откаже од неа. Тој ќе ѝ се навраќа повторно и повторно, запознавајќи ја одново и одново.
Денес (11 декмври) е Светскиот ден на планината, па најдобар начин да го прославите е викендов да посетите некоја од планините низ нашата земја, доколку денес не сте во можност.
Листата е многу поголема, па слободно дополнете ја со ваши предлози:
Шар Планина
https://www.instagram.com/p/CFHd2MhsbOe/
Баба Планина
Јакупица
Караџица
https://www.instagram.com/p/CEw2TQmM4ds/
Даутица
Китка
https://www.instagram.com/p/CIiHcqOrUoC/
Галичица
https://www.instagram.com/p/CIK018ALoJA/
Стогово
Јабланица
https://www.instagram.com/p/BF8i3kFR2Kw/
Осоговски Планини
https://www.instagram.com/p/CIjVZ8zrMUR/
Кожуф
Бистра
(О)Милена | Црнобело