Фото-кампања на Гурмано од најмагичните предели на Македонија
- Детали
- среда, 09 декември 2020
Невообичаена и интересна кампања на брендот Гурмано ги освои социјалните мрежи, прикажувајќи живописни фотографии од најмагичните предели на Македонија.
Оригиналноста први ја препознаа љубителите на добра фотографија – на останатите, кампањата им укажа на преубавите краеви во нашата земја што можат да ги посетат во време кога сме принудени да се затвораме во сопствените граници.
Под хаштазите #domasiedoma и #gurmano, Гурмано испрати гурмански поздрави од Магаро - врвот на Галичица со импресивниот поглед на двете езера, Тресонче – родното место на Дичо Зограв, Штавица – македонскиот Холивуд, Јелак – шумскиот предел на магичната Шар Планина...Претставувањето на убавини и вкусови ќе продолжи во есенскиот и зимскиот период, со надеж дека ќе инспирира многумина да уживаат во нив.
Кампањата почна на 3 јули. Досега се објавени над 50 фотографии во стилот на старите разгледници. Креатор е агенцијата „Кликер маркетинг“.
„Сакавме да покажеме дека и во вакво време може да се креира нешто ново, креативно, и позитивно. Спојот меѓу домашниот бренд Гурмано, македонските специјалитети и природни убавини претставени преку авторски фотографии се покажа како полн погодок. Кампањата многу брзо стана препознатлива и споделувана“, изјави Верица Мартиновска, директорка на „Кликер маркетинг“.
Производите на Гурмано се 100% македонски, со суровини добиени главно од Пелагонискиот регион кој преку цела година е исклучително погоден за одгледување градинарски култури. Меѓу нив е и пиперката куртовска капија, чиј благ и месест плод со голема концентрација на витамини, шеќери и протеини е главна состојка на производите на Гурмано. Брендот е познат по својот модерен дизајн, совршен квалитет и оригиналните македонски рецепти во производството на зимница.