Празнична бајка: Излог во центарот на Скопје украсен по светски терк
- Детали
- четврток, 10 декември 2020
Ако деновиве патот ве води кон плоштадот Македонија, со сигурност ќе го забележите еден од најубаво украсените излози во центарот на Скопје. Продажниот салон за часовници The Watch Club Skopje е сместен веднаш помеѓу рестораните Пелистер и Ла Тераца.
Една вистинска мала новогодишна бајка во градот, која потсетува на светските метрополи.
„Ги одбројуваме последните денови од оваа 2020 година која не ни остави никому убав и позитивен впечаток, но да ја паметиме само по оние малите, убавите работи и да се потрудиме да ја разубавиме барем онолку колку што можеме“ - вели Ивана Џаревска, маркетинг менаџер на The Watch Club Skopje.
„Инспирирани од излозите во големите метрополи се потрудивме, максимум колку што беше возможно, оваа година и ние да реализираме една слатка новогодишна идеја.“
И ентериерот е украсен минималистички и естетски:
Направете фотки пред The Watch Club и тагнете ги на Инстаграм @thewatchclubskopje. Имаат супер изненадувања за најубавите фотки.
А, доколку сакате некому да му подарите часовник или накит, ова е вистинското место за совршен подарок под новогодишната елка.
Искористете го попустот до 50% во месец декември - купувајте и онлајн, со бесплатна достава до дома.
Е. П. | Црнобело