REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

Елена од Скопје и Љубица од Битола се двете Македонки кои погледнаа одблиску и ја открија иновацијата против стареење и тенка коса на Revalid®. Швајцарскиот бренд лансираше производ наменет да го забави процесот на стареење на косата и скалпот. 

revalid-elena-i-ljubica-ja-otkrivaat-inovacijata-protiv-stareenje-i-tenka-kosa-1.jpg

- Горди сме што швајцарската иновативната формула DN-AgeTM ја промовираме во Македонија. Нашите Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид на жените ќе им помогне да го забават процесот на побелување на косата и ќе и дадат повеќе јачина, густина и волумен. Сакаме секоја жена да има здрава коса, а со тоа да зрачи со убава енергија, самодоверба и да ужива во сите убави моменти на животот што би рекле ние „Новата ѕвезда е родена”, велат од брендот.  

Ефектите од процесот на стареење на косата се многу повеќе од само појава на бели влакна и вклучуваат и сувост, истенчување, кршливост, недостаток на волумен и сјај. Како што клетките на кожата ја губат својата природна способност да се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување на здрава текстура, волумен и изглед.

Од брендот направија интересно видео со Елена Стојановска Јанковска, познатата водителка на утринско шоу која со воодушевување говореше за иновацијата.

- Моите утра и започнуваат уште во 5 часот, на работното место треба да изгледам убаво, особено мојата коса. Навистина уживав да снимам за брендот низ моето мистично катче во Скопје, искрено, сакам да ви кажам дека најважно ми е да имам здрава коса. Со овој бренд драго ми е што за мојата коса ја открив вистинска иновативна формула, вели Елена.

revalid-elena-i-ljubica-ja-otkrivaat-inovacijata-protiv-stareenje-i-tenka-kosa-02.jpg

Системот се состои од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење. Ефектите како антиоксидативен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова се докажани во бројни in vitro и in vivo студии. Во една студија, 80% од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот.

Љубица Ангелковска екс новинар и ПР консултант ни откри дека со задоволство се вклучи во кампањата.

- Темпото на моето живеење, создава еден успешен свет за клиентите преку моја работа што ме прави вистински среќна. Постојано сум активна, но секогаш наоѓам време да и се посветам на мојата коса, бидејќи здравата и негувана коса за мене е самодоверба која инспирира. Верувам и во луксузот секогаш да се изгледа добро. Тоа е знак дека се сакате себеси. А ако се сакате себеси, можете вистински да сакате и друго, додава Љубица.

revalid-elena-i-ljubica-ja-otkrivaat-inovacijata-protiv-stareenje-i-tenka-kosa-03.jpg

Интересен факт е дека Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како “преживувачка sвезда“, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури. Преку стимулирање на клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот, тоа претставува дополнителен поттик за самата коса и скалп.

Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Развиен од експертите, за да ја направат вашата коса поздрава и поцврста, Revalid® високо квалитетните производи се специјално формулирани да ги задоволат потребите на сите. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија и може да се најдат во аптеките во земјава.

revalid-elena-i-ljubica-ja-otkrivaat-inovacijata-protiv-stareenje-i-tenka-kosa-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg