Како со функционален јогурт до здрав дигестивен систем

Одржувањето здрав дигестивен систем е важно за здравјето на целиот организам.

kako-so-funkcionalen-jogurt-do-zdrav-digestiven-sistem-01.jpg

Здравата исхрана и внесувањето разновидна, балансирана храна обезбедува енергија и ја зајакнува функцијата на сите органи, што е од суштинско значење за виталноста на организмот, но здравјето и отпорноста на организмот на вируси, настинки и бактерии потекнува токму од дигестивниот систем. Вирусите кога го напаѓаат организмот прво се населуваат во цревата и затоа е исклучително важно постојано внесување пробиотици кои ја имаат токму таа функција.

Улогата на пробиотиците започнува со постигнување рамнотежа на цревната флора и засилување на добрите бактерии. Заради ваквата функција на пробиотиците и добрите бактерии, се повеќе, за здрав организам се препорачуваат функционални храни. Тоа е храна што покрај основната хранлива вредност ги содржи и овие состојки, како што е пробиотскиот јогурт Баланс+ и со тоа обезбедува и здравствена придобивка.

Функционалниот јогурт Баланс+ влијае врз дигестивниот систем на начин што преку пробиотиците што ги содржи Bifidobacteria и Lactobacillus, ги намалува непријатните симптоми на синдромот на нервозно дебело црево (IBS), ја подобруваат дигестијата на лактоза, и со 10 дена редовно консумирање го забрзува метаболизмот и ги решава проблемите со варењето, за што има и клиничко истражување. Исто така, важни за дигестивниот тракт се и микроелементите како витамините Б2 и Б12 и минералите калиум и магнезиум и макронутриентите, вклучувајќи протеини и масни киселини, дел од составот на пробиотскиот јогурт како примарна хранлива вредност.

А покрај за дигестивниот систем, функционалноста на јогуртот Баланс+, дополнително е засилена со големото количество на калциум, клучен за одржување на густината на коските и нивно зајакнување.

Затоа, заради ваквите здравствени придобивки, многу често функционалната храна и пробиотскиот јогурт е изборот наместо медикаменти или пак наместо дополнително внесувањето суплементи.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Негрижата на властите - ризик по здравјето на децата! Во нашиот главен град Скопје и во неколку други градови во државата, квалитетот ...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ со синовите на одмор во Анталија: Гледаат ајкули, хранат риби, пливаат во б... „Те сакам“ – му порача Сања Ристиќ на нејзиниот партнер Перо Антиќ со кого во мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg