Вработените во ПроKредит Банка - најголеми шизици оваа есен!

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален.

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-01.jpg

Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин.

Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на своите повеќе од 200 вработени им подари лимитирано издание на маица Шизик на ризик ексклузивно дизајнирана и произведена за таа намена.

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-02.jpg

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-03.jpg

Инспирација за дизајнот креативниот тим на Шизик на ризик најде во ретро велосипедските дресови, раскажувајќи приказна за еден смел велосипедист кој вози под боите и името на тимот наречен ПроKредит, храбро надминувајќи ги сите препреки и предизвици.

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-04.jpg

Преку овој одличен пример за автентична соработка помеѓу македонски моден бренд и банка, институцијата на вработените им покажа респект и благодарност за индивидуалните залагања и придонес кон тимскиот успех.

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-05.jpg

Маицата “Racer” е изработена од чист чешлан памук, има контрастни рабови на ракавите и околувратникот, а во хармонична целина ги спојува името и боите на Банката, како и потписот на возачот - Шизик На Ризик. Целата количина на произведени маици, во пакување кое содржи и подарок од Преплет, е поделена на вработените во ПроKредит Банка.

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-06.jpg

vrabotenite-vo-prokredit-banka-najgolemi-shizici-ovaa-esen-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...
Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg