Нова информативно-едукативна брошура на МАПАС - „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш“
- Детали
- петок, 27 ноември 2020
Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, заедно со трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје активно се посветени на подигнување на свеста за потребата од финансиска едукација и финансиска инклузија на сите целни групи во нашето општество, но пред се на младите кои се движечка сила на економскиот развој на земјата.
Во тој правец е и објавата на новата информативно-едукативна брошура „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш“, која содржи низа информации за функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување, правта на членовите, работењето на пензиските друштва и функцијата на МАПАС чија основна цел и задача е да ги штити интересите на членовите и да го поттикнува развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.
Брошурата нуди краток и едноставен приказ на најважните информации со акцент на сите постојни можности за вклучување во вториот задолжителен и третиот доброволен пензиски фонд. Во неа се опфатени значителен дел од активностите, при што преку илустриран приказ, едноставен јазик и значајни информации се обезбедува поголема информираност на јавноста, а пред се на младите за различни аспекти и бенифиции од вклучување во капитално финансираното пензиско осигурување.
Публикацијата е наменета за пошироката јавност, но пред се на младата популација и е достапна во електронски формат.
“Објавувањето на брошурата е дел од нашите најнови активности во сферата на финансиската едукација и од активностите на маркетинг кампањата за подигање на свеста на јавноста, а пред се на младите за значењето на капитално финансираното пензиско осигурување”, порачуваат од МАПАС.