Mozzart со донација на лаптопи во Клиниката за детски болести
- Детали
- петок, 27 ноември 2020
Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат донираше лаптоп компјутери во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Лаптоп компјутерите ќе бидат наменети за реализација на проект за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение и за нивните родители. Со оваа поддршка децата и родителите ќе имаат можност полесно да го надминат овој неверојатно тежок период, кој дополнително им се отежнува со оглед на пандемијата на коронавирусот, заради што се приморани уште долго да престојуваат изолирани без контакти со надворешната средина.
Од ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се заблагодарија на донацијата која им била неопходна за да можат да го спроведат проектот за психолошка онлајн поддршка на родителите и децата кои се лекуваат на ова одделение на Клиниката.
„Во ова тегобно време за сите, особено за децата, секој добар збор и дело значат многу. Убедена сум дека со помош на оваа донација, децата пациенти, но и нивните родители, барем за кратко, виртуелно ќе и се откраднат на короната и ќе зборуваат за новото утре, за новите планови и авантури кои им претстојат на децата. Во име на децата во болницата и медицинскиот персонал на Клиниката за детски болести, благодарност до компанија Mozzart за донацијата.“ - изјави директорката на Клиниката, Д-р. Аспазија Софијанова.
На доделувањето на донацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, кој ја поздрави оваа акција на компанијата Mozzart.
„Го поздравувам проектот на компанијата Mozzart, кои донираа 5 лап топ компјутери за онлајн психолошка поддршка на дечињата во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Во време на прогласена глобална пандемија на коронавирус, подадената рака и поддршката за нашите деца е повеќе од важна и потребна. Оваа благородна акција нека биде повод и пример и за други општествено одговорни компании и тие со своите активности и во доменот на своите можности да помогнат и придонесат во овие специфични времиња, затоа што само така, сите заедно, полесно ќе ја пребродиме оваа тешка моментална состојба.“ – изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Од Mozzart велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, потребно е да се прилагодиме на новата ситуација која налага голем дел од активностите да бидат онлајн, за што се неопходни и дигитални уреди. Токму затоа, периодов тие донирааат компјутери, а покрај донацијата во ЈЗУ Клиниката за детски болести, донираат и лаптоп компјутери во основни училишта, наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.
„Нашата компанија преку различни и бројни акции континуирано го поддржува здравствениот систем, а се надеваме дека со оваа донација ќе помогнеме во успешно спроведување на проектот за психолошка онлајн поддршка на децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение во Клиниката и за нивните родители. Ова не е прв пат да ја посетиме ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести. Досега таму дониравме медицинска опрема во вкупна вредност од 1.100.000 денари, понатаму дониравме прочистувачи на воздух во рамки на кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Подготвуваме и нови хуманитарни акции кои ќе се реализираат во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.
Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.