„Обој го светот во портокалово“ – 16 дена активизам под мотото #КажиНе на насилството врз жени и девојчиња

oboj-go-svetot-vo-portokalovo-16-dena-aktivizam-pod-mototo-kazhine-na-nasilstvoto-vrz-zheni-i-devojchinja01.jpg

Скопје, 25.11.2020 г. – По повод одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на  насилството врз жените, со портокаловото осветлување на скопската тврдина Кале, Владата на  Република Северна Македонија и Делегацијата на Европската Унија, официјално започнува  годинешната кампања со слоган „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“. Овој  симболичен чин го означува почетокот на серија настани и активности, како дел од кампањата  што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2020 г.  

Насилството врз жените и девојчињата претставува голем општествен проблем, кој зазема сè  поголеми размери во светски рамки. Имено, 45 отсто од испитаните жени и девојчиња во  Република Северна Македонија, доживеале некаква форма на насилство.

Целта на кампањата „#КажиНе на насилството врз жени и девојчиња“, која трае 16 дена, е да  прати силна порака против насилството врз жените и девојчињата, со тоа што неколку  знаменитости низ различни градови во државата ќе бидат осветлени во портокалова боја, како  симбол за посветла иднина, без насилство врз жените и девојчињата. Со цел поттикнување  дискусија на поширока општествена основа, кампањата ќе вклучува инсталација „Скршени  предмети“ што ќе биде поставена пред Музејот на Мајка Тереза, како и неколку тематски онлајн  конференции, дискусии, работилници и студентски натпревар за најдобар тематски графички  дизајн. На 30 ноември, инсталацијата „Скршени предмети“ ќе биде поставена на плоштадот во  Гостивар, а како дел од активностите на кампањата, на 1 декември е предвидено и осветлување  во портокалова боја на Занаетчискиот дом во Куманово. Следниот ден, на 2 декември, во  портокалова боја ќе биде осветлен театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес,  институција што широкоградо прифати да биде дел од кампањата со сопствени можности и  техника. 

oboj-go-svetot-vo-portokalovo-16-dena-aktivizam-pod-mototo-kazhine-na-nasilstvoto-vrz-zheni-i-devojchinja-01.jpg

Поради специфичната ситуација со пандемијата на ковид-19, кампањата ќе биде спроведена во  согласност со сите заштитни мерки и протоколи, а во рамките на активностите ќе се користат  можности и за онлајн комуникација, со учество на високи владини претставници, како и претставници на на ОН и на Европската Унија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и граѓанските  организации.  

Во рамките на кампањата е предвидено објавување интерактивни содржини и едукативни  пораки на социјалните медиуми од повеќе поединци од различни сфери на општеството, како  нивен заеднички придонес во борбата против насилството врз жените и девојчињата. 

Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да  менуваме!

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg