Започна третата годишна конференција за е-трговија - Нина Ангеловска: Ова е историски момент за е-трговијата!

СКОПЈЕ, 25.11.2020:  Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странство

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-01.jpg

Оваа година програмата на конференцијата се одржува во два дена, во кои ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“. 

Овие теми, но и многу повеќе, ќе бидат разработени од преку 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите области, кои ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформален разговори, додека во улога на домаќин на овој дводневен настан ќе биде актерот Гораст Цветковски.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-04.jpg

- „Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина". посочи претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, во нејзиното поздравно обраќање.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-05.jpg

Освен Ангеловска, присутните ги поздрави и Амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

- „Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн“, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнз.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-03.jpg

На конференцијата ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите од анализата за е-трговија со посебен акцент на влијанието на Ковид-19, а присутните ќе имаат можност и да ги слушнат истакнатите Јориј Абрахам – извршен директор на „Ecommerce Foundation“ и Барбара Сеса – раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Мастеркард.

Годинашното издание на конференција ќе го збогатат и две UNCTAD амбасадорки за „E-трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка na веб платформа за органски прехрамбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои ќе зборуваат на панел дискусијата „E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”, во која ќе се вклучи и Нина Ангеловска, која исто така е една од седумте амбасадорки за „E-трговија за жени”, назначени од UNCTAD. 

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-02.jpg

Од домашните говорници, своја презентација ќе имаат Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје и Иво Стојановски од A1 Македонија, Јана Дурнева од Phillip Morris International како и многу други еминентни  претставници на компании за е-трговија или други чинители од екосистемот на е-трговијата, велат од Асоцијацијата.

Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската експертска јавност, а истото се потврдува и со големата „онлајн“ посетеност со повеќе од 300 учесници од 150 компании, здруженија, организации и државни институции – акцентот е уште поголем посебно поради фактот што годинава конференцијата се одржува онлајн.

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Импресивен настап на Дац и Александар на Златна Бубамара ’24 – Заслужено добија награда за „Дуо на г... „Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“, вел...
Македонка објави магични фотки од Аурора Бореалис во Норвешка „За широки хоризонти и нови свесни авантури“ – авторката и тренер за личен разво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg