Barcaffè Perfetto капсули – едноставна подготовка за совршено уживање

Во текот на децениската потрага по совршената шолја еспресо и прецизно нијансираниот баланс на моќен вкус и нежна арома, Barcaffè ги создаде капсулите Barcaffè Perfetto со врвен квалитет.

barcaffe-perfetto-kapsuli-ednostavna-podgotovka-za-sovrsheno-uzhivanje-01.jpg

Barcaffè Perfetto капсулите се поврзуваат со 50 години долгата традиција на модерен начин на живот и се надоврзуваат на глобалните трендови, додека истовремено им одговораат на локалните вкусови во целиот регион, наменети за оние кои од шолјата кафе секој ден го бараат екстрактот за совршен момент.

Врстите на кафе се внимателно одбрани, созреани под сонцето во Бразил, Етиопија, Колумбија и Индија, и се подготвуваат во идеални услови, како би се обезбедил врвен квалитет и совршена рамнотежа во секоја шолја кафе. Посебно внимание му се обрнува на пржењето на зрната, бидејќи тоа е деликатен процес од кој зависи и квалитетот на мешавината. А за кафето да биде целосно заштитено, капсулите се специјално дизајнирани на тој начин за да обезбедат зачувување на вкусот, аромата и свежината.

Barcaffè Perfetto ви овозможува во вашиот дом да уживате во кафе како што ви подготвуваат искусните баристи во омиленото кафуле, бидејќи многу брзо и лесно се подготвува со помош на компатибилниот апарат Nescafe Dolce Gusto. Без разлика дали сте на работа или дома, препуштете се на уживањето во комбинација со долгогодишно искуство и вистинска љубов према кафето – идеалната заводлива рамнотежа на вкусови во секое едноставно, а истовремено и експертско подготвено еспресо.

Овој еспресо бленд кој ја буди фантазијата и моментите на опуштање ги претвора во посебно доживување, наменет е за оние вистински, страсни вљубеници во кафето. Така, можете да се одлучите за Barcaffè Perfetto Espresso – мало еспресо полно со арома, Cappuccino – кремасто задоволство со полн вкус создаден за секојдневно уживање, Caffè Latte – идеален спој на вкус и трошка носталгија, кои можете да ги подготвите на сите компатибилни Dolce Gusto апарати.

Препуштете се на добрите чувства со капсулите Barcaffè Perfetto!

Би можело да ве интересира:

Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...
Кристина Димитри за новиот дечко: „Се запознавме во Белград, секое утро ме буди со кафе и појадок“ „Се запознавме во Белград. Ме привлече со неговиот изглед, за мене тој е најубав...
Тамара Тодевска и Лука не ја кријат љубовта - Се бакнуваат заљубено, уживаат во Мадрид „Љубовта те менува на најубав начин“, ѝ напишаа фановите на Тамара, откако објав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg