Компанијата дм дрогерие маркт донираше респиратори во вредност од 36.600 евра

Скопје, 24. 11. 2020. – Компанијата dm донираше два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра со цел да придонесе во борбата против корона вирусот, но и да ја подобри опремата за хронично болните пациенти кои се лечат во болниците во нашата земја.

kompanijata-dm-drogerie-markt-donirashe-respiratori-vo-vrednost-od-36-600-evra-01.jpg

Респираторите се донирани во Министерството за Здравство на С. Македонија, кое согласно потребите на здравствените институции во нашата земја донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница во Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница во Битола.

На ниво на целата dm група донирани се вкупно 15 респиратори – анестезиолошки вентилатори Primus, со што, како што истакнуваат од најголемиот дрогериски ланец во Европа, dm продолжува да биде сојузник на заедницата на патот кон побезбедна и поздрава иднина.

kompanijata-dm-drogerie-markt-donirashe-respiratori-vo-vrednost-od-36-600-evra-03.jpg

„dm е познат кај широката јавност како компанија која е вистински заснована на принципите на друштвена одговорност. Паралелно со успешните резултати кои ги остваруваме од година во година, секојдневно вложуваме во заедницата во која делуваме. Тоа не е само наш гест на благодарност или обврска, туку одговорност, како дел од овој пазар да придонесеме кон подобрување на животот на луѓето во нашата земја. Во моменти, кога како општество, сме соочени со големи предизвици предизвикани од глобалната пандемија, неопходна е сечија солидарност, за да излеземе како победници од оваа битка. Се надеваме дека овие два респиратори – анестезиолишки вентилатори Primus од германскиот производител Dräger кои ги донираме, ќе бидат од помош во оваа борба со пандемијата, но и ќе помогнат при лечење на пациентите со хронични болести, на кои исто така не смееме да заборавиме” изјави Предраг Петровиќ, член на Управа за dm вo Србија и С. Македонија.

kompanijata-dm-drogerie-markt-donirashe-respiratori-vo-vrednost-od-36-600-evra-02.jpg

Компанијата dm дрогерие маркт неодамна одбележи 7 години успешно работење на нашиот пазар со остварен промет од речиси 1.1 милијарда МКД, што претставува раст од 16,5 отсто, додека на ниво на dm групата во Европа остварен е промет од 11,5 милијарди евра. Покрај успешните финансиски резултати, компанијата реализираше низа општествено одговорни активности со цел да придонесе кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории во општеството.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg