Некстсенс добитник на престижната Глобална WITSA награда за ИКТ заслуги и извонредност

На Светскиот конгрес за ИКТ кој се одржa вчера, 19. ноември 2020 во Пенонг Малезија на кој учествуваат визионери и деловни лидери од целиот свет, компанијата Некстсенс, во конкуренција на огромен број компании и иновативни решенија од преку 80 земји ја доби престижната глобална награда за заслуги во областа на ИКТ иновативноста - Virtual WITSA Global ICT Excellence Merit Award 2020 за своето решение Nextsense Contact Tracing Technology и мобилните апликации СтопКорона! и ВирусРадар.

nekstsens-dobitnik-na-prestizhnata-globalna-witsa-nagrada-za-ikt-zaslugi-i-izvonrednost01.jpg

Листа на номинирани компании и решенија на следниот линк.

Оваа најголема ИКТ награда на интернационално ниво ја доделува Светската алијанса за информатичка технологија и услуги (WITSA) за исклучителни достигнувања во областа на информатичка и комуникациска технологија. Технологијата на Некстсенс за следење на изложеноста на Ковид 19 – Nextsense Contact Tracing Technology беше номинирана за WITSA награда од страна на МАСИТ.

nekstsens-dobitnik-na-prestizhnata-globalna-witsa-nagrada-za-ikt-zaslugi-i-izvonrednost-02.jpg

Наградата, доделена на Светскиот конгрес за ИКТ претставува потврда за исклучителните достигнувањата на Некстсенс во развој на врвна технологија и признание за високото ниво на стручност и посветеност на тимот на Некстсенс, кој своето знаење го стави во функција на поддршка на заедницата во борбата против Ковид-19.

На церемонијата на доделување на наградите што се одржа во Малезија, Васко Кроневски, Главен извршен директор на Некстсенс истакна:

„Глобалната криза предизвикана од пандемијата ја предизвика отпорноста на нашите општества и нè мобилизира сите да дадеме придонес кон заедницата за општо добро.

Благодарни сме на МАСИТ за номинирањето на нашето решение. Ни претставува особена чест што реномираната WITSA ги потврди вредноста и значењето на Nextsense Contact Tracing Technology и го награди нашето решение со глобална награда за ИКТ заслуги.

Со несебичен придонес на нашите вработени, клиенти и партнери во Северна Македонија, Унгарија и Хрватска кои ја дадоа својата креативна енергија и своите ИКТ вештини, развивме алатка што ќе го зајакне општеството во борбата против Ковид-19.

Навистина беше голема радост да се работи со тим од вистински мотивирани професионалци.“

Доделувањето на наградите може да го проследите на следниот линк.

Награденото решение на Некстсенс - пример во светски размери

Вредноста на решението на Некстсенс за детекција на изложеноста на Ковид-19 произлегува од врвната технологија имплементирана во мобилните апликации СтопКорона и ВирусРадар, која целосно ја гарантира приватноста на корисниците, обезбедува високи стандарди на безбедност и заштита и притоа нуди едноставно корисничко искуство, разменувајќи сигурни анонимизирани податоци.

nekstsens-dobitnik-na-prestizhnata-globalna-witsa-nagrada-za-ikt-zaslugi-i-izvonrednost03.jpg

Ова решение претставува пример во светски размери како технологијата, комбинирана со супериорно техничко знаење, тимска работа и силна посветеност кон помагање на заедницата, може да придонесе во борбата против светската пандемија. Некстсенс со ова решение постави високи стандарди и позитивна практика со која се мотивираат и другите компании во светот да ја користат технологија во функција на заедницата.

Би можело да ве интересира:

Тројца доктори со златно срце се Мажи на годината 2023 „На почетокот на годината добивме Златна Бубамара и таа награда му ја посветивме...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...
Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Импресивен настап на Дац и Александар на Златна Бубамара ’24 – Заслужено добија награда за „Дуо на г... „Ова дуо ќе продолжи да носи љубов насекаде со нашиот познат љубовен пасош“, вел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg