Претседателот Стево Пендаровски најави кризна состојба 30 дена, полициски час засега не се разгледува

На седницата на Советот за безбедност, донесена е одлука да се предложи до Владата прогласување на кризна состојба, изјави претседателот Пендаровски, премиерот Зоран Заев кажа дека ќе гледаат истото да се случи веќе утре, а со кризната состојба Владата ќе има можност да менаџира и со приватните болници во време на пандемија.

pretsedatelot-stevo-pendarovski-najavi-krizna-sostojba-30-dena-policiski-chas-zasega-ne-se-razgleduva-01.jpg

Дел од изјавата на Пендаровски гласи:

Ја одржавме 10-та седница на Советот за безбедност, присуствуваа сите членови, освен министерот за внатрешни работи.

Надвор од советот, на моја покана беше присутен Министерот за здравство Венко Филипче.

Имаше една точка на дневен ред – актуелната ситуацијата со ковид-19 пандемијата.

Филипче информираше за капацитетите и ресурсите на располагање и за реорганизација на болниците.

Премиерот Заев информираше за севкупната активност, политиките во другите ресори насочени кон пандемијата и можните сценарија.

Не треба да кажуваме, знаеме дека е сериозна ситуацијата, сите земји од регионот, во Европа и светот, без исклучок, ситуацијата е полоша од пролетниот пик. Треба да размислуваме за нови мерки или преиспитување на ефектот на постоечките.

После исцрпна дискусија донесовме заклучок Советот на безбедност да предложи на Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена.

За појаснување, ние и сега имаме кризна состојба на северната и јужна граница за контролирање на мигранти и бегалци, на тие подрачја полицијата и војската работат заедно.

Сега, по прогласување на кризната состојба, таа соработка ќе биде овозможена на цела територија на земјата.

И во моментот армијата дава поддршка на полиција и здравство но во лимитиран обем, а откако ќе биде прогласена кризна состојба, законот ќе даде пошироки можности за поддршка на здравствените институции од армијата.

Второ, Владата ќе може да  управува со органите на државни и приватни ресурси во државата, меѓу кои и приватните болници.

Не станува збор за национализација на приватни болници, туку управување со нив во време на пандемија. Приватната сопственост е гарантирана со уставот.

Воведувањето на кризната состојба нема врска со полициски час, или рестрикции во движењето. Тоа е во надлежност на Комисија за заразни болести, Централен кризен штаб и Владата.

Во однос на декларирање кризна состојба, да појаснам, не му предлага Владата на Советот за безбедност, туку Советот за безбедност препорачува, тоа оди до Управувачки комитет при Центар за управување со кризи, кој потоа поднесува предлог до Владата која треба да ја донесе одлуката.

Очекувам Владата брзо да прогласи кризна состојба.

Целосната изјава, со детални објаснувања на кризната состојба може да ја гледате во видеото, како и одговорите на новинарски прашања на Пендаровски, Заев и Филипче:

🔴ВО ЖИВО | Изјава по десеттата седница на #СоветЗаБезбедност

🔴ВО ЖИВО | Изјава по десеттата седница на #СоветЗаБезбедност

Posted by Stevo Pendarovski on Thursday, November 19, 2020

Би можело да ве интересира:

Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Миа Костова стана магистер - Синот најголема поддршка да ја победи тремата пред одбраната на трудот Инфлуенсерката и поранешна водителка денес (07.10) го одбрани магистерскиот труд...
Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Плетените октоподи за предвреме родени бебиња се користат и кај нас – Како им помагаат на малечките ... Пипалата на плетениот октопод ги потсетуваат предвреме родените бебиња на папочн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg