Мобилниот интернет на А1 Македонија е најбрз и во Гостивар и во Крива Паланка

Продолжува мерењето на квалитет на мрежите што го спроведува Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). По Скопје, Куманово, Тетово и општина Илинден, мобилниот интернет на А1 Македонија е најбрз и во Гостивар и во Крива Паланка, покажува мерењето што вчера го соопшти агенцијата.

mobilniot-internet-na-a1-makedonija-e-najbrz-i-vo-gostivar-i-vo-kriva-palanka01.jpg

Последните извештаи покажуваат дека во Гостивар за симнување фајл со големина од 10GB, операторот А1 Македонија ДООЕЛ обезбедува брзина на податоци од 107.347 Mbps, наспроти Македонски Телеком АД Скопје каде брзината е 75.684 Mbps.

А1 обезбедува побрз интернет и во Крива Паланка, каде за преземање фајл со иста големина, брзината е 94.136 Mbps, а на Македонски Телеком 45.581 Mbps.

Мерењето на квалитетот на безжичните електронски комуникациски мрежи се извршува со користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците. Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Извештајот за состојбата на квалитетот на јавни електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни електронски комуникациски мрежи за населено место Скопје се базира на мерењата на Агенцијата за електронски комуникации.

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на официјалната страница.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Крива Паланка блесна во празничен сјај во пресрет на 2024: Црвена елка, украси, сијалички во разни б... Крива Паланка, градот на североистокот на Македонија, веќе неколку дена дише во ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg