Плаќајте со HalkPay апликацијата на Халкбанк, можеби „Шопинг победата“ ќе биде ваша

Услугата HalkPay со која сите сопственици на Mastercard картички, издадени од Халкбанк АД Скопје, на едноставен начин можат да вршат плаќања со својот мобилен телефон на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање, секој ден добива сé повеќе приврзаници.

plakjajte-so-halkpay-aplikacijata-na-halkbank-mozhebi-shoping-pobedata-kje-bide-vasha01.jpg

Едноставноста на овој вид бесконтактно плаќање е сигурно основната причина што сé повеќе клиенти на Халкбанк ја имаат симнато апликацијата HalkPay на својот Android мобилен телефон и секојдневно ја користат.

Но, мотив плус е и новата наградна игра наречена „Шопинг победа“ со која со секоја направена валидна трансакција со кредитни или дебитни картички од брендот Mastercard, физичкото лице, клиент на Халкбанк, влегува во трката за освојување вредни награди - 15 смартфони, 6 Garmin часовници, 10 ваучери за велосипеди и еден електричен велосипед.

„Халкбанк како лидер во воведување нови технологии, на почетокот на јули ја воведе услугата HalkPay со која им овозможи на клиентите својот паричник да го имаат во мобилниот телефон. Со цел да ги увериме корисниците во предностите од секојдневната употреба на овој вид бесконтактно плаќање, што е особено добредојдено во сегашниот период кога сите сме внимателни и избегнуваме секаков вид физички контакти, покрај неколкуте минати активации со направени трансакции со апликацијата HalkPay, како мотив плус ја создадовме и наградната игра „Шопинг победа“ со која се надеваме дека дополнително ќе ги поттикнеме нашите корисници да се приклучат на она што е светски тренд во вршење трансакции“, велат од Дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

Наградната игра „Шопинг победа“ започна на почетокот на месецов и ќе трае до крај на февруари.

Лицата корисници на Mastercard дебитни платежни картички за физички лица, издадени од Халкбанк, за секоја поединечна трансакција добиваат една шанса за учество во наградната игра, додека корисниците на кредитна картичка од истиот бренд, добиваат тројна шанса за награда. Во рамките на наградната игра предвидени се три месечни извлекувања и главно извлекување на почетокот на март. Првото извлекување ќе биде на почетокот на декември кога по електронски пат од сите трансакции со апликацијата HalkPay извршени во ноември ќе бидат извлечени добитниците на првите 5 смартфони. Оние кои нема да добијат награда веднаш, со своите плаќања и во декември и јануари ќе имаат шанса да освојат мобилен телефон. Сите учесници од почетокот до крајот на наградната игра, односно во целиот период на траење на наградната игра, без разлика дали освоиле награда во месечните извлекувања, ќе учествуваат во големото извлекување и ќе имаат можност да освојат 6 Garmin часовници, 10 ваучери за велосипеди и еден електричен велосипед.

Симнете ја HalkPay, плаќајте со својот мобилен телефон и можеби ќе славите „Шопинг победа“!

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg