Голден Арт КЛ7 зема залет, победен е фаворитот Пролет
- Детали
- сабота, 14 ноември 2020
Голден Арт КЛ7 со втора победа во суперлигата, победен е фаворитот Пролет...
По паузата поради настапи на машката ракометна репрезентација, Голден Арт КЛ7 ја продолжи серијата успешни резултати започната со нерешениот резултат во Струга и победата над Јуниот КВ. На денешниот натпревар, младите момчиња на Андон Бошковски го совладаа фаворитот Пролет со резултат 32:30.
Голден Арт КЛ7 од самиот старт наметна препознатлива игра со многу трчање и ротации во играта, одржувајќи минимална предност. Одбраната функционираше солидно, поддржана од голманот Андреј Петковски. Во нападот Игор Ѓорѓиев и Кристијан Симоноски беа на високо ниво, но со голема поддршка уште на неколкумина играчи како тинејџерот Ѓорговски, Цветаноски, Гајиќ и Буторац.
Во вториот дел тренерот Матлиески се обиде да промени ритам во одбраната со внесувањето на ветеранот Петар Ангелов, но Голден Арт КЛ7 едноставно ја „решаваше“ одбраната на Пролет од сите позиции.
Најефикасни кај Голден Арт беа Кристијан Симоноски со 9, Ѓорѓиев со 5 и Ѓорговски со 4 голови, додека кај Пролет Андоновски со 10.