„Максим, убавино наша прва!“: Кристина Арнаудова во домашна атмосфера му го прослави 10-от роденден на синот
- Детали
- среда, 11 ноември 2020
„Денот кога се роди ти, е мојот втор роденден!“... Во тренерки и домашна атмосфера Кристина Арнаудова му го прослави роденденот на постариот син.
Пејачката и претседателка на здружението „Проект среќа“, Кристина Арнаудова и нејзиниот сопруг Александар обожаваат секој миг да го минат со нивните деца.
Тие имаат два сина, а постариот Максим вчера (10.11) го прослави својот 10-ти роденден.
Семејството славеше во домашна атмосфера и облечени во тренерки дуваа свеќички на тортата.
Кристина му го честиташе роденденот на својот син на Инстаграм:
„Среќна 10-ка Максим, убавино наша прва! Те сакаме бескрајно и се радуваме со секоја твоја радост и насмевка! Денот кога се роди ти, е мојот втор роденден! Оваа година во кругот на најблиското семејство, но срцата ни се полни со љубов а тоа е најважно!“
Уште семејни фотки:
https://www.instagram.com/p/B-6zwoLngzU/
https://www.instagram.com/p/B-M5M9QH-ww/
https://www.instagram.com/p/B8EFGIQn3Mf/
С. С. | Црнобело