Со победата на Станче Алексов отворен е осмиот циклус на проектот Ново Име во Македонија

Те краси младоста, имаш талент – зграби ја можноста да го унапредиш со износ до 2.500 евра!

so-pobedata-na-stanche-aleksov-otvoren-e-osmiot-ciklus-na-proektot-novo-ime-vo-makedonija-01.jpg

Со победата на Станче Алексов од Кочани, кој стана (седмо) Ново Име на музиката, отворена е шанса за сите млади од 16 до 30 години од цела Македонија во осмиот циклус на проектот „Ново Име“ да го пријават својот талент и да се изборат за парична поддршка во износ до 2.500 евра за негово унапредување!

Станче е вљубеник во саксофон, со кој интензивно се дружи веќе седум години. Во последно време класичните звуци на саксофонот ги комбинира со електронска музика, творејќи препознатливо, сопствено музичко изразување.

„Среќен сум што успеав да стигнам до титулата Ново Име затоа што се надевам дека на овој начин ќе можам да ги остварам своите желби во врска со мојата музичка кариера. Секако препорачувам на сите млади да се пријават и да пробаат да ја добијат оваа вредна поддршка„ каже Станче.

Да, тој со најубавите бои на звуците успеа да стане седмо Ново Име! До таа титула стигна откако тоа за рака им појде на Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката, Ангела Георгиевска, Ново Име на танцот, и Александар Јакимовски, Ново Име на гејмингот.

Но, тука приказната за проектот „Ново Име“, која од почеток на годината во потполност го реализираат компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата NOVOMATIC во Македонија, не престанува.Напротив, како што е и порано наведено, до 15 ноември е отворен конкурс за испраќање на пријави на кој ќе го добиеме осмото Ново Име. Сé се одвива на платформата novoime.mk, а повеќе детали за проектот можете да најдете и на официјалниот Facebook профил и Instagram.

Значи, до средина на ноември, одважи се на светот да му го претставиш својот талент од областа на културата, уметноста, науката или спортот (само пази твојата пријава да биде валидна), а потоа анимирај ја публиката да ти подари доверба и уживај во титулата Ново Име и наградата со која ќе го исполниш својот сон! Тоа можат да го направат и сите кои во претходните циклуси не успеаа да победат, само е потребно одново да ја испочитуваат процедурата за пријавување.

Се радуваме на вашите пријави!

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg