„Huawei Seeds for the future“ – онлајн студиска програма
- Детали
- вторник, 20 октомври 2020
Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност за наградување на петте најдобри студенти од ИКТ факултетите во Република Северна Македонија.
Станува збор за онлајн студиската програма „Huawei Seeds for the future” која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei. Програмата ќе се одржува од 2ри до 6ти Ноември 2020 на јавната образовна платформа iLearningX.
Повеќе информации на следниот ЛИНК.