АМ Best ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза: Групацијата Триглав финансиски многу силна и со стабилно работење

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, при редовниот годишен преглед, на Заваровалница Триглав и на Позаваровалница Триглав РЕ повторно им ги потврди бонитетната оценка »A« (одлично) за финансиска моќ и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«.

am-best-ja-potvrdi-bonitetnata-ocenka-a-so-stabilna-srednorochna-prognoza-grupacijata-triglav-finansiski-mnogu-silna-i-so-stabilno-rabotenje-01.jpg

Бонитетните оценки имаат стабилна среднорочна прогноза, и се одраз на очекувањата на агенцијата, Триглав среднорочно да го зачува доброто работење, својата силна финансиска позиција и водечката пазарна улога во Словенија и во регионот, каде што Групацијата е присутна.

AM Best ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу силна, а работењето како стабилно, влијанието на деловниот профил врз кредитниот рејтинг како неутрален, влијанието на мнозинската сопственост како неутрално и управувањето на ризици како соодветно со оглед на комплексноста и обемот на нејзиното работење. При потврдувањето на високата бонитетна оценка на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата го нагласи нејзиното стратешко значење како реосигурител на сите друштва на Групацијата Триглав и нејзината добра интегрираност во групацијата.

Оценката за многу силна финансиска позиција се темели врз капитализираноста на Групацијата Триглав, прилагодена на ризиците, и е на најсилното ниво. Групацијата во портфолиото на осигурувањата на живот ја намалува изложеноста на продуктот со гарантирано враќање на приносот, со што дополнително го подобри своето управување на средства и обврски. Одговорно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници.

Агенцијата ги нагласува добрите деловни резултати на Триглав во последните години, кои што, по нејзина оценка, потекнуваат од одличниот осигурително-техничкиот резултат на неживотните осигурувања на домашниот пазар и соодветните приноси од инвестициите. Триглав на високо конкурентните пазари вон Словенија постојано го зголемува својот обем на понуди, го подобрува деловното работење и активно бара поекономични дополнителни продажни канали. Агенцијата ја истакнува предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав, преку своите друштва, на глобално ниво нуди осигурителни и реосигурителни услуги, што води до добро диверзифицирано портфолио во поглед на услуги и продукти, но и од географски аспект.

Би можело да ве интересира:

Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Нов тренд за откривање на полот на бебето кај Македонците – Боење облека со врзани очи По балоните во розова и сина боја, и тортата под чиј бел слој се „крие“ сина или...
„Бог знае колку им требаше на нашите срца“ – Александра Шијакоска сподели нови фотки од трудничката ... „На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предр...
Верувања за празникот света Петка: се носат 5 лепчиња во црква, доаѓа во сон за да донесе утеха Доаѓа на сон за да ве утеши или за да ве предупреди. Денот треба да го поминете ...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg