Верувања за празникот света Петка: се носат 5 лепчиња во црква, доаѓа во сон за да донесе утеха

Доаѓа на сон за да ве утеши или за да ве предупреди. Денот треба да го поминете во молитва и во црква – Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?

se-nosat-5-lepchinja-vo-crkva-doagja-vo-son-za-da-donese-uteha-veruvanja-i-obichai-za-praznikot-sveta-petka-01.jpg

На 27-ми октомври секоја година се слави празникот Света Преподобна Параскева, позната и како Света Параскева и како Мајка Параскева. Култот кон оваа светица кај нас обично е прославен кај жените, а се смета и за еден од потешките празници.

Света Петка била родена кон крајот на X век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота), па затоа родителите ѝ го дале името Параскева, што значи подготовка.

Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка имале уште еден син, Ефтимиј, кој се замонашил и станал епископ Малитски.

se-nosat-5-lepchinja-vo-crkva-doagja-vo-son-za-da-donese-uteha-veruvanja-i-obichai-za-praznikot-sveta-petka-02_copy_copy.jpg

По смртта на родителите Петка го напуштила домот на родителите и отишла најпрво во Цариград, а потоа и во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост.

Петка водела долг живот во пустината, каде деновите ги поминувала во молитва.

На иконите на коишто е прикажана Света Петка, најчесто стои написот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“.

Овој ден се смета за тежок празник, па христијанските верници сметаат дека задолжително треба да се оди во црква, да се запали свеќа, а често се носат и дарови во вид на масло за јадење, облека и слично.

se-nosat-5-lepchinja-vo-crkva-doagja-vo-son-za-da-donese-uteha-veruvanja-i-obichai-za-praznikot-sveta-petka-04_copy.jpg

Исто така, во некои краишта постои уште еден обичај, познат како „петолебие“ кога во црква се носат пет леба. Ова се прави во чест на настанот од Библијата кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе.

Петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се враќа на верникот, а другите 4 остануваат во црквата.

Се верува дека на овој празник треба да се воздржуваме од тешка, физичка работа и денот да го посветиме на молитва.

se-nosat-5-lepchinja-vo-crkva-doagja-vo-son-za-da-donese-uteha-veruvanja-i-obichai-za-praznikot-sveta-petka-03_copy.jpg

Куќната слава посветена на оваа светица уште се нарекува и „Петковден“.

Инаку се верува дека ако Света Петка ви се појави на сон како жена во црно со крст, таа доаѓа за да ве утеши и да ви донесе убави вести, или пак за да ве предупреди да промените некои лоши навики.

Прочитајте и Денес е Света Петка – Светицата што се јавува на сон и штити од болести и неплодност

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живописни цркви и манастири посветени на света Петка, низ Македонија На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Со зурли и тапани сред село и преку 30 обичаи, Стефана и Даријан се венчаа на Галичка свадба 2024 Стефана Димитрова и Даријан Кочоски вчера (15.07) се венчаа во црквата „Св. Пета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg