Волонтерска акција на МАПАС и пензиските друштва - „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“

Скопје, 9.10.2020 - Под мотото „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“, МАПАС започнува волонтерска акција која ќе трае од 15 октомври до 15 ноември.

volonterska-akcija-na-mapas-i-penziskite-drushtva-pomogni-na-penzioner-denes-zatoa-shto-tebe-utre-kje-ti-treba-pomosh-01.jpg

Целта на оваа акција е да им се помогне на пензионерите во време на ограничено движење заради заштита од ширење на Ковид-19 вирусот, во обезбедување на секојдневните намирници, што се потребни за нормално живеење. Акцијата ќе се реализира на територијата на градот Скопје.

Вработени од МАПАС, вработени од пензиските друштва и волонтери кои ќе се пријават на акцијата, ќе ги обезбедуваат потребните намирници за пензионерите и ќе ги доставуваат до нивните места на живеење.

За да се обезбеди што поширока покривање на поголем број на пензионери, во рамките на оваа акција отворен е и јавен повик за пријавување на волонтери кои можат да се пријават на формуларот и да остават свои податоци.

Последниот рок за пријавување е 15 октомври 2020 година, а волонтерите треба да остават лични податоци, по што ќе бидат контактирани и распределени по општини. Досега се пријавени 70 волонтери.

„Една од нашите главни цели е подигнувањето на свеста кај младите и работно активното население за важноста од навремено информирање за пензискиот систем и можностите што ги нуди, особено за правата и обврските на членовите во задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за потребата од редовно ажурирање на личните податоци и континуирано следење на својата пензиска заштеда. За да ја потенцираме важноста од навременото вклучување во пензискиот систем, започнавме и волонтерска акција преку која сакаме да покажеме дека до стабилен и комфорен живот во третата доба можеме да дојдеме само со навремено делување“, истакна Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС.

Покрај тоа, преземени се и низа активности за соодветно информирање на пензионерите за оваа акција, за да можат да се пријават и да ги користат услугите од волонтерите.

Волонтерската акција „Помогни на пензионер денес затоа што тебе утре ќе ти треба помош“ е дел од информативната кампања „Времето до пензија поминува побрзо отколку што мислиш”, која започна на 15 септември - Денот за пензиска свесност, чија цел е зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

volonterska-akcija-na-mapas-i-penziskite-drushtva-pomogni-na-penzioner-denes-zatoa-shto-tebe-utre-kje-ti-treba-pomosh-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Антониа и Роберт, Стефан и Марта - Познати македонски парови што денес слават Младенци Кои познати македонски парови се венчаа во црква по 22-ри март минатата година и...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонл...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg