Проект за поддршка на младите таленти во Македонија: Александар Јакимовски ја помина играта и стана шесто Ново Име
- Детали
- петок, 02 октомври 2020
Шесто Ново Име во Македонија е Александар Јакимовски од Охрид, кој ја помина играта, освои парична поддршка во вредност до 2.500 евра за унапредување на своите гејмерски вештини.
Овој осумнаесетогодишник е голем вљубеник во Counter-Strike, а титулата Ново Име на гејмингот му обезбеди прилика да набави подобра опрема, како би бил уште поуспешен во светот на онлајн турнирите. Имено, тој веќе со години се натпреварува на бројни онлајн гејмерски натпревари во Македонија, но и на Балканот, а на еден од тие турнири, како осумгодишник, веќе ја освојува својата прва парична награда.
„Најголема желба ми е еден ден да играм за професионален Counter-Strike тим и да ги одмерам силите со најдобрите. Оваа титула, како и награда, сигурно ќе ми помогне да ја унапредам својата страст кон гејмингот и да бидам чекор поблизу до остварување на своите желби“, кажа Александар.
Со неговата победа е завршен шестиот циклус на проектот „Ново Име“, кој од почеток на годината во потполност го поддржуваат компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“ во Македонија.
Пред Александар, станувајќи Ново Име, можноста да ги унапредат своите таленти и вештини добија пет млади луѓе од Македонија – Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Нови Имиња на музиката Антониј Ристески и Викторија Симеонова, и Ангела Георгиевска Ново Име на танцот.
Со прогласување на новиот победник отворена е можноста за сите млади на возраст од 16 до 30 години, кои веруваат дека поседуваат некаков талент вреден да се претстави на светот и да обезбедат поддршка со која ќе го унапредат, тоа и да го сторат. И сите оние кои во предходните циклуси не успеаа да победат, а тоа силно го посакуваат, може повторно да ја испратат својата пријава и одново да ја испробаат својата среќа.
Сите информации се достапни на платформата novoime.mk, а рок за испраќање на пријавите е 15 октомври, кога, точно на полноќ, повикот ќе биде затворен.
Затоа, што чекаш, подготви ја пријавата, затоа што можеби баш ти си седмото Ново Име во Македонија?!
Среќно!