Нова постдипломска студиска програма по дидактика и методика на наставата по германски јазик

nova-postdiplomska-studiska-programa-po-didaktika-i-metodika-na-nastavata-po-germanski-jazik-v2.jpg

Од 30.9. до 15.10.2020, кандидатите заинтересирани за упис во првиот рок на вториот циклус академски студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во академската 2020/2021 година, можат да поднесат пријави, а ако ги исполнат пропишаните услови, можат да се запишат од 20. до 23.10.2020.

Новата студиска програма, која има цел да го унапреди постдипломското образование на наставниците по германски јазик, е резултат на Договорот за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Гете-институтот во Скопје.

Студиската програма содржи општообразовен дел, неопходен за вториот циклус студии по наука за јазикот, и стручнообразовен дел, неодминлив за држење успешна настава по германски како странски јазик во согласност со актуелните услови на работа, кои се пред сè резултат на Дигиталната револуција. Во стручните предмети се преточија модулите од новата образовна серија Да научиме да држиме настава по германски јазик (Deutsch Lehren Lernen – DLL), која ја издаде Гете-институт, водечката институција за усовршување на наставниците по германски јазик во светот. Едицијата претставува одговор на изменетите критериуми за квалификација на наставниците по германски јазик, на кои им се нуди можност да си ги прошират дидактичко-методското знаење и наставната вештина.

Предметите произлезени од едицијата DLL се реализираат со настава вo училница и со онлајн настава, во соработка со универзитетски професори и со обучувачи за дигиталните медиуми, со теоретска и со практична настава, со печатени материјали и со електронски медиуми, со апсорбција на знаење и со рефлексија, со размена на мислења и на искуства и со саморефлексија.

Лицето што ќе ги заврши едногодишните студии, ќе ја стекне титулата магистер по дидактика и методика на наставата по германски јазик.

Се покануваат заинтересираните кандидати да ги посетат интернетските страници:

http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2020_2021.pdf

https://flf.ukim.mk/wp-content/uploads/2020/05/Дидактика-и-методика-на-наставата-по-германски-јазик-Втор-циклус-студии-акредитирани-во-2018.pdf

каде што имаат можност да се запознаат со условите за упис, со студиската програма и со предметните програми. Во зимскиот семестар од академската 2020/2021 година, предвидена е само онлајн настава. Посебно внимание заслужува можноста што ја нуди Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје за плаќање на износот за студиите на шест рати.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg