Македонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри

makedonski-telekom-kje-koristi-obnovlivi-izvori-na-energija-za-svoite-data-centri-01.jpg

  • Поставени соларни панели на најголемиот дата центар во Скопје
  • CO2 емисијата ќе се намали за речиси 50 илјади кг. годишно

Македонски Телеком постави сопствен систем за производство на енергија од сончево зрачење на најголемиот дата центар во Скопје. Системот се состои од 148 соларни панели и инвертор на површина од 300 m² на покривот на ТК објектот во центарот на Скопје и годишно ќе произведува повеќе од 80 илјади kWh зелена електрична енергија за сопствени потреби.

Со овој систем, штетната емисија на CO2 во воздухот ќе се намалува за речиси 50 илјади кг. секоја година. Како за споредба, доколку оваа количина електричната енергија се произведува во термоцентрала, ќе бидат потребни околу 2.000 дрвја за да ги апсорбираат штетните емисии на CO2 од воздухот.

Се планира, во иднина продукциските дата центри во државата да се напојуваат од обновливи извори на енергија, со што Македонски Телеком, како една од најголемите компании, директно ќе влијае на намалување на емисијата на штетни гасови. Ваквите инвестиции ќе имаат позитивно влијание врз креирање зелена средина во урбаните места.

makedonski-telekom-kje-koristi-obnovlivi-izvori-na-energija-za-svoite-data-centri-02.jpg

Во остварување на стратегијата за грижа за животната средина, компанијата активно ги вклучува и своите вработени. Иницијативата за сопствен соларен систем на дата центрите, кои се големи потрошувачи на електрична енергија, доаѓа од тим вработени во различни области, како одговор на потребата за поефикасно управување со енергијата во објектите на компанијата.

Македонски Телеком влијае на заштитата на животната средина и преку инвестирање во: иновативни мрежни технологии, решенија за паметен град, Cloud и ICT решенија, оптимизација на возните паркови, како и заеднички иницијативи со надлежните за намалување на загадувањето на воздухот.

Со инвестирање во вакви проекти, компанијата активно влијае на заштита на животната средина и е поблиску до целта на Дојче Телеком Групацијата да ги намали штетните емисии на CO2 за 90 проценти до 2030 година.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg