Нова програма за лојалност за физички лица од ЛУКОИЛ Македонија

Со „ЛУКОИЛ КЛУБ“ претвори ги поените во гориво

nova-programa-za-lojalnost-za-fizichki-lica-od-lukoil-makedonija-01.jpg

ЛУКОИЛ Македонија воведе нова програма за лојалност за физички лица наречена „ЛУКОИЛ КЛУБ“ преку која членовите на програмата за лојалност се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции, односно своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.

Поените се собираат едноставно, односно со трансакции направени на продажните места на ЛУКОИЛ Македонија, при што секој поен има вредност од 1 денар, а пак корисниците за да станат член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ потребно е да поседуваат кориснички број од македонски мобилен оператор, на кој ќе добијат СМС со 4-цифрен код со кој ќе можат да пристапат во Програмата.

Со цел олеснето членство и одговарање на потребите на сите заинтересирани корисници, компанијата овозможи два начини за пристапување во програмата. Имено, за да се стане член во „ЛУКОИЛ КЛУБ“, корисниците ќе треба или да подигнат ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од која било од бензинските станици со наточено гориво од најмалку 1.000 ден., или пак да ја преземат мобилната апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од GooglePlay или AppStore под називот LUKOIL CLUB MACEDONIA која станува активна веднаш, без услови при регистрација.

Оваа програма за лојалност е воведена на корпоративно ниво, а од компанијата велат дека доаѓа како резултат на нивната заложба да ги наградат своите лојални потрошувачи и да им се заблагодарат за нивната лојалност, секогаш воведувајќи нешто ново и покажувајќи континуирана грижа за нивно подобро патување.

„За нашите клиенти правни лица веќе имаме активна програма за картички, меѓутоа отсега и нашите ценети потрошувачи физички лица можат да уживаат бројни привилегии и поволности, дотолку повеќе што нашата програма за лојалност е единствена преку која со собраните поени може повторно да се купи и гориво. Верувам дека на овој начин уште еднаш го потврдуваме вреднувањето на лојалноста на нашите клиенти, но и дека самата програма претставува чекор повеќе кон исполнување на нашата стратегија да создаваме долгорочни врски со потрошувачите, секојдневно олеснувајќи им го патувањето“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Друга интересна можност за членовите на оваа програма за лојалност е тоа што во мобилната апликација може да се креира и „Круг на пријатели“, односно да се додадат картички со чии сопственици може да се споделуваат поените.

Сите официјални информации поврзани со правилата и со Програмата може да се најдат на интернет-страницата https://club.lukoil.com.mk, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
„Поканив 75 луѓе на забава дома, дојдоа 150“: Кој им бил најубавиот дочек на Нова година на познатит... Иџе со семејството, Васил Гарванлиев организирал луда забава без знаење на цимер...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg