15 септември - Ден за пензиската свесност: Вториот и третиот пензиски столб продолжуваат да растат и во услови на Ковид криза

Скопје, 15.09.2020 – И покрај предизвиците што ги наметна Ковид-19 кризата, капитално финансираното пензиско осигурување кое е вториот сегмент според големината на активата во рамки на финанскиот систем, веднаш по банкарскиот сектор, остана стабилно и продолжи со својот раст.

15-septemvri-den-za-penziskata-svesnost-vtoriot-i-tretiot-penziski-stolb-prodolzhuvaat-da-rastat-i-vo-uslovi-na-kovid-kriza-01.jpg

Имено, вкупните акумулирани средства во задолжителните и доброволните приватни пензиски фондови со кои управуваат пензиските друштва во вториот квартал од оваа година забележаа раст од 7,9% во однос на првите три месеци од 2020-та година.

„На Денот посветен за пензиската свесност 15 септември, перформансите на капитално финансираното пензиско осигурување се навистина охрабрувачки. Истите придонесуваат за натамошно зголемување на довербата во МАПАС која врши супервизија на работењето на пензиските друштва, задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и на чуварите на имот и на странските менаџери на средства, со крајна цел да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови“, вели Максуд Али, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС.

Паралелно со својата супервизорска функција, МАПАС континуирано продолжува со активности за информирање и едукација на граѓаните за начинот на функционирање, придобивките и можностите што ги нуди тростолбениот пензиски систем, за правата и обврските на членовите во задолжителните и доброволните пензиски фондови, за последните промени во регулативата за тоа кој може да биде член во вториот пензиски столб, како и за потребата од редовно ажурирање на личните податоци и континуирано следење на својата пензиска заштеда.

Посебен акцент во информирањето на јавноста, особено во рамки на активностите за годинешното одбележување на 15 септември - Денот за пензиската свесност, ќе се стави на зголемувањето на свесноста кај младите за тоа дека вистинските одлуки за нивната пензија треба да ги донесуваат уште сега, односно со нивното прво вработување, а не пред пензионирање.

Инаку, бројот на членови во задолжителните и доброволните пензиски фондови на крајот на август 2020 година изнесува 547.616, а вкупната вредноста на нивните акумулирани средства надминува 1,37 милијарди евра.

Повеќе инфoрмации на mapas.mk

15-septemvri-den-za-penziskata-svesnost-vtoriot-i-tretiot-penziski-stolb-prodolzhuvaat-da-rastat-i-vo-uslovi-na-kovid-kriza-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Браво! 13-годишни деца од Радовиш собраа пари за да му помогнат на соученик со проблеми со говорот Пет деца од Радовиш напорно работеа за да соберат средства за да му обезбедат ло...
Браво хумани Македонци! Таткото на Кара потврди дека се собрани средствата за испитување во Барселон... „Од клиниката побараа 22.811 евра, пари кои ги собравме. Тие покриваат 14-дневен...
Браво народе! Парите за машина за дишење за малата Искра се собрани за помалку од 24 часа Доказ дека македонскиот народ е хуман и се крева на нозе кога треба да се помогн...
Браво! Детска градинка во Дојран направи велигденски базар за 3-годишно дете со церебрална парализа „Кога можеме ние, можат сите“ – порачуваат од детската градинка „Кокиче“ во Дојр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg