Се враќаме во кино - се гледаме во Cineplexx
- Детали
- среда, 09 септември 2020
Љубителите на филмот со нетрпение ги очекуваат проекциите на големото платно во Cineplexx.
Магијата на 7- та уметност е во гледањето филм во кино, на вистинското место каде автентичноста на просторот, приказнaта, звукот и атмосферата го доближуваат оригиналното чувство на блискост помеѓу гледачите и нивните омилени наслови.
Киното одсекогаш било и секогаш ќе биде матично катче на филмаџиите, нивните премиери, аплаузи и зборно место за средба со вистинската публика. За публиката, времето за кино и во кино е личен избор, нешто што бескрајно го сака и секогаш го поврзува со емоцијата за уметност.
Киното Cineplexx е омилениот простор за филм и дружба на најмладите, нивните родители, тинејџерите, возрасните, нивното семејно катче, место каде пријателите се заедно,....простор каде секој го наоѓа своето место за креативно и корисно време за уживање.
Со целосно почитување и примена на препораките од надлежните институции, Cineplexx во Србија, Хрватска, Словенија, Грција и Австрија ги отвори вратите и го исполни ветувањето кон публиката - да се врати во кино салите.
Наскоро и нашата публика, согласно препораките за заштита од Ковид 19 и имплементација на мерките пропишани од институциите, во Cineplexx ќе му се врати на филмот во кино.
Професионалниот пристап , долгогодишното искуство и одговорноста се синоним за работењето на Cineplexx, кој како глобален бренд стекна интернационална слава и почит од страна на филмската публика, секаде и кај нас.
Довербата се гради со взаемна почит и квалитет, нешто на што сме благодарни и се гордееме.
Се враќаме во кино – се гледаме во Cineplexx.