Студирајте за британска диплома кај нас, студирајте на Лондон Мет
- Детали
- среда, 02 септември 2020
Британскиот образовен систем важи за еден од најдобрите во светот. Во својот научен пристап, опфаќа интерактивни методологии за настава, а неговите главни одлики се високиот квалитет на образование, информирани студенти и врвни универзитети.
Британските универзитети секогаш рангираат високо на глобалните ранг листи, а стекнатите дипломи се признати и претпочитани од голем број работодавци ширум светот.
Да се биде дел од еден таков образовен систем, да се биде студент на престижен универзитет е желба на секоја млада и амбициозна личност.
Од неодамна, се отвори одлична можност и за македонските студенти. Престижниот универзитет Лондон Метрополитен, кој воедно претставува една од најголемите меѓународни заедници, склучи договор за соработка со Скопје Метрополитен.
„Како универзитет имаме меѓународна препознатливост којашто ни овозможува и ни овозможуваше да развиеме многу силна мрежа на соработнички партнерства. Значи, имаме партнери во Германија, во Ирска, во Шпанија, очигледно и во Северна Македонија, во Шри Ланка, во Непал, во Сингапур, во Индија, и од неодамна во Австралија. Моментално сме во процес на развивање на две нови партнерства во САД за кои мислиме дека се многу важни за нас за да ја комплетираме глобалната мрежа на меѓународна соработка“-изјави професор Христос Калантаридис, декан на факултетот за бизнис при Лондон Мет.
Отсега, македонските студенти, имаат можност да бидат дел од образовен процес формулиран по британски терк, да учат под менторство на врвни британски професори, да се стекнат со британска државна диплома и да бидат дел од големото семејство на Лондон Метрополитен.
„Имаме повеќегодишно искуство со меѓународна соработка, со некои од нашите партнери работиме повеќе од декада, и она што го очекуваме е вистинска промена и трансфер на етиката и принципите на универзитетот во различна организација и различен национален конктекст. Сакаме да влијаеме на животите на студентите во Северна Македонија,сакаме да им понудиме можности за учење кои другите студенти во Лондон Мет ги имаат. Исто така сакаме да имаме влијание на заедницата, затоа што ние сме универзитет кој верува дека има граѓанска должност, каде и да сме стационирани. Во Лондон развивме иницијатива за зајакнување на Лондон, но сакаме да имаме и позитивно влијание и во Скопје како што имаме и во Лондон. Друго што очекуваме е да го донесеме искуството на студентите од Северна Македонија на нашите студенти ширум светот, затоа што сите наши студенти се едно големо семејство, и учиме едни од други исто така. Значи, има специфичности на студентите од Северна Македонија од кои можат да имаат корист нашите студенти во Лондон, или нашите студенти во Германија. Ова се клучните цели на нашето ново партнерство“ -додава професор Христос Калантаридис.
Лондон Мет е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини. Дипломата стекната на Лондон MET е призната ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти, кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.
Професор Христос Калантаридис упати порака до македонските студенти и им порача:
„Мојата порака е оптимистичка, минуваме низ време на предизвици, мислам дека ако сте позитивни и работите напорно сега е вистинското време за ваш развој и за постигнување значителни придобивки во развојот на вашата кариера. Би сакал да Ве поканам да се придружите на семејството на студентите ширум светот кои студираат на програмите на нашиот универзитет, и на Guildhall училиштето за бизнис и право и би сакал да Ве уверам дека искуството кое ќе го стекнете ќе биде такво што ќе ви овозможи развој како индивидуа. Она што ни е важно не е со што студентите доаѓаат, во смисла на квалификациите од училиште, она што ни е важно е со што заминуваат по периодот на студирање кај нас.“