За квалитетот, успешноста и долгогодишното постоење зборува Филип Трифуновски, официјален претставник на брендот Vivax
- Детали
- четврток, 27 август 2020
VIVAX брендот е дел од M САН Групација, Хрватска, а во Македонија ефикасно го опслужува пазарот преку својот генерален дистрибутер, ПАКОМ Компани.
Позитивните резултати кои ги има VIVAX низ годините во Македонија, се доказ за доброто менаџирање на работата и извршување на истата, од страна на тимот на VIVAX. За успешноста, квалитетот и долгогодишното постоење на македонскиот пазар, разговаравме со официјалниот претставник на брендот VIVAX, Филип Трифуновски.
Како брендот VIVAX се издвојува од конкуренцијата во Македонија?
Брендот VIVAX успешно егзистира преку партнерска мрежа повеќе од 15 години, почнувајќи од хрватскиот пазар и проширувајќи се низ цела Европа, како и на македонскиот пазар. Во Македонија е препознатлив по иновативната и квалитетна бела техника, по што и се издвојува од конкуренцијата на македонскиот пазар. Клима уредите на VIVAX, се едни од најбараните производи на брендот VIVAX кои што овозможуваат одличен сооднос помеѓу врвен квалитет и цена, со голема, заштеда на електрична енергија. VIVAX никогаш не ги разочарува потрошувачите. За еден бренд да биде успешен и различен во многу позитивни аспекти, треба да остава зад себе задоволни корисници на производи.
Како претставник на интернационалниот бренд VIVAX, кои се Вашите приоритетни задачи?
Огромна чест и задоволство е да се биде претставник на интернационален бренд како што е VIVAX, но секако и огромна одговорност. Како приоритетни задачи би ги издвоил, одржувањето на одлични односи со партнерската мрежа, дефинирање на стратешките цели за настап на пазарот, планирањето на продажбата, како и секојдневна координација со целиот тим на VIVAX. Клучна улога, во завршување на секојдневните обврски и совладување на предизвиците има целиот VIVAX тим во Македонија, па можам гордо да кажам дека за сите успеси, кои ги имаме со години, сме заслужни сите заедно.
Какви производи нуди брендот VIVAX на македонскиот пазар и по што истите се препознатливи?
Асортиманот на VIVAX нуди повеќе од 250 различни производи, кои се поделени на 6 подгрупи на производи: Imago (LED TV),Cool (клима уреди), Home (мали кујнски апарати и бела техника), Vox (audio, Hi-Fi), Smart (паметни телефони) и Таблети. Секој производ е создаден со иновативна и квалитетна технологија во склад со модерните трендови, исто така важно е да се знае дека стратегијата за квалитет на VIVAX е базирана на познати технолошки решенија, со строга контрола на квалитетот на било кој производ во текот на неговото произведување. Битно е да се знае дека брендот VIVAX во својата производствена лепеза, нуди производи за сечиј вкус, со цел да се ги задоволи потребите и желбите на верните потрошувачи, но и да успее да придобие нови корисници. Поради квалитетот и добрата сервисна мрежа, брендот VIVAX, постои повеќе од 15 години и е лидер на македонскиот пазар.
Клима уредите на VIVAX се едни од најзастапените клима уреди на македонскиот пазар, кои карактеристики се пресудни за истите да се издвојат од толпата клима уреди?
Квалитетот на клима уредите игра важна улога во изборот на истите, а јасно е дека секое семејство сака да инвестира во квалитетни уреди. VIVAX клима уредите се познати по врвните карактеристики и напредна функционалност по најнова технологија. Со изборот на VIVAX клима уреди, се задоволуваат барањата на потрошувачите, од моно ѕидни сплит клима уреди, мулти инвертер ѕидни, подни и касетни клима уреди, мобилни клима уреди, па сѐ до комерцијалните подно-ѕидни, канални и касетни клима уреди.
Периодот актуелни се новите топлински пумпи на VIVAX. Која е предноста да се инвестира во таков систем на ладење и греење во домот?
Новите топлински пумпи на VIVAX моментално се вистински бум на пазарот, тоа е поради тројната добивка која ја нудат – топла вода во домот, греење и ладење во текот на целата година. Новите VIVAX топлински пумпи, енергијата ја добиваат преку апсорбирање на топлината од воздухот и преку соларниот греач за вода. Во период кога временските промени се непредвидливи, а загадувањето во цела Македонија полека станува секојдневие, важно за секое семејство е да може да го загрева и лади домот во секои време, а со тоа и да има почист дом. Ова е долгорочна инвестиција, што истовремено е и најекономичното и најеколошкото решение од иднината за секој кој што размислува за своето здравје и здравјето на своите деца.
Кој е најбараниот производ овој период?
Инвертер клима уредите на VIVAX се најпродаваниот производ периодов. Со нив се заменуваат печките на дрва, шпоретите, камините, како и печките на пелети, а се нуди огромна економска и еколошка предност за греење и ладење на домот. Овој период актуелно се субвенции од страна на некои општини, кои што дополнително влијаат за поголема побарувачка на VIVAX инвертер клима уредите. Со инвестирање во инвертер клима уредите на VIVAX, секое смејство добива ниски сметки за електрична енергија, чист воздух и подобро здравје, а истите се со 3 години гаранција.
Откако ќе завршат летните горештини, на кој начин им препорачувате на домаќинствата да се подготват за грејната сезона со производите од VIVAX?
Големиот асортиман на производи за греење кои ги нуди VIVAX гарантираат топли домови во ладните зимски денови. Почнувајќи од инвертер клима уредите, па се до топлинските пумпи како долгорочна инвестиција, секој дом ќе има пријатна атмосфера, а воедно и големи заштеди на електрична енергија. Со инвестирање во VIVAX уредите за греење, ладните и долги зими, кои се чести во нашата земја, ќе бидат минато.