Во скопската општина Аеродром поставена прва еко автобуска постојка во земјава од страна на Халкбанк
- Детали
- четврток, 27 август 2020
Во скопската населба Аеродром, на едно од најфреквентните места во главниот град, Маратон Груп ја постави првата еко автобуска постојка по нарачка на Халкбанк АД Скопје, како дел од иницијативата HalkEco.
Постојката, лоцирана пред трговскиот центар Бисер е опремена со зелен и воедно одржлив покрив чија функција е природно прочистување на воздухот. Ова е прва и засега единствена автобуска постојка од ваков вид во земјава.
„Поставувањето на оваа еко постојка е дел од активностите на Халкбанк АД Скопје како придонес за заштита и зачувување на животната средина. Овие цели ги промовираме и се изразени преку целокупната HalkEco платформа, чиј дел е и апликацијата, а е во насока на поттикнување развој на здрави животни навики, зголемување на физичката активност, подигање еко свест и одговорно однесување кон околината“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.
Апликацијата HalkEco на Халкбанк чиј главен поддржувач е и MasterCard, промовира физичка активност, еко свест и ја мотивира заедницата да изгради подобри еко навики. Со користењето на апликацијата при трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот на апликацијата на својот кориснички профил собира HalkCoins кои, во зависност од нивниот број, носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел засадување нови зелени површини на голем број локации во земјата каде е потребно.
Како дел од HalkEco на почетокот на месец септември, Халкбанк е организатор и на првата хронометар велосипедска трка HALK VELO GREEN која ќе се одржи во Маврово.