Новиот циклус на проектот за поддршка на младите таленти: Биди дел од остварување на нечиј сон, гласај за петтото Ново Име!
- Детали
- понеделник, 17 август 2020
Девет млади од цела Македонија се во трка за титулата на петото Ново Име, а можеби токму твојот глас би можел да пресуди кој од нив ќе ја добие поддршката во вредност до 2.500 евра за унапредување на својот талент.
Сакаш да гласаш? Да одлучуваш кој од кандидатите ќе ја понесе титулата Ново Име? Сите пријави можеш да ги погледнеш на novoime.mk и до крајот на месецот подари го срцето на кандидатот кој најмногу те одушевува со својот талент од областа на науката, културата, уметноста или спортот.
Исто така, доколку веќе не си го сторил тоа, заследи ги Facebook и Instagram профилите на проектот “Ново Име”, каде што можеш да ги следиш сите најсвежи и најважни информации, од циклус во циклус. Како тоа мислиш, не знаеш што е точно проектот “Ново Име”?
Па, еве уште еднаш да потсетиме – во прашање е платформа, шанса за сите млади од 16 до 30 години, од цела Македонија, а кои имаат да претстават свој талент од споменатите области и на основа на својата пријава да се изборат за можност да добијат награда за остварување на својот сон, своите желби своите големи визии.
Проектот “Ново Име” во потполност го поддржува компанијата ХТЛ Македонија и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата “NOVOMATIC” во Македонија, а од јануари веќе четири млади луѓе од таа земја се изборија да, станувајќи Ново Име, си овозможат нивните вештини и таленти да процветаат.
“Друштво на победниците” за сега го сочинуваат Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Ново Име на музиката и Викторија Симеонова, која во дует со Славица Минова исто така стигна до титула Ново Име на музиката.
Кој ќе биде петтото Ново Име, јавноста ќе дознае веќе на 1. септември, кога воедно ќе биде отворен и повикот за испраќање на пријави за наредниот, шести циклус на проектот. А до тогаш, брзо на платформата novoime.mk и гласај, бидејќи секој глас е важен и одлучува за победникот!