Виртуелната продавница на А1 Македонија со повеќе од 1 милион посети
- Детали
- петок, 07 август 2020
Купувањето производи и услуги онлајн стана навика на многумина, а пандемијата само го забрза овој тренд.
Луѓето сѐ повеќе ги користат дигиталните канали, а податоците покажуваат дека во 2018 година дури 1.8 милијарди луѓе во светот пазареле онлајн. Оваа бројка се очекува да изнесува 2.14 милијарди во 2021 година, што е всушност 26.8% од вкупното население. Тоа значи дека секој четврти човек пазарува онлајн.
А1 Македонија како двигател на дигитализацијата на нашето општество, во мај 2020 година ја претстави првата и единствена виртуелна продавница на пазарот, како одговор на новите навики и потребите на корисниците. Оттогаш па до денес, за виртуелната продавница се информирале повеќе од 1 милион посетители, а преку 60.000 купувачи оствариле контакт со продажен агент.
А1 Liveshop е виртуелен продажен салон кој всушност претставува хибриден продажен салон кој ги комбинира стандардната продажба и онлајн продажбата. Истиот овозможува посета на видео продавница каде корисниците може да комуницираат со агенти и да гледаат преку веб видео сигнал производи изложени во студио кое изгледа како вистинска А1 продавница. Аудио комуникацијата во ваквата продавница е двонасочна помеѓу агентот и корисникот, додека видео презентацијата е еднонасочна – корисникот ја гледа продавницата и агентот, додека агентот не го гледа корисникот. Тоа значи дека функционира како стандарден продажен салон, со единствена разлика што не морате да излезете од дома за да го посетите.
Искуството е многу слично како да разговарате со агент во продажен салон во живо, бидејќи со иницирање на повикот агентот го гледате во живо додека разговара со вас, може да ви сподели линк до соодветна страница од веб сајтот за да ви покаже што вклучува одреден тарифен модел, може преку камерата од смарт телефонот да ви покаже одреден смарт телефон или друг уред и да ве посоветува која би била најсоодветна опција која би одговарала на вашите потреби.