Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Зошто означуваме одредени производи како премиум? Што точно ги одвојува од останатите производи на пазарот?

zoshto-da-se-odluchite-za-premium-sistem-za-greenje-i-ladenje-01.jpg

Честопати премиум производите се продаваат со повисока цена, што ги дефинира како луксузни предмети. Но, единствениот факт на покачена цена нé целосно ја комплетира дефиницијата за премиум.

Премиум производите се често со многу подобар квалитет од сите останати. Освен тоа, тие нудат иновативни карактеристики и технологии, кои секако ја прават нивната употреба многу поудобна и поефикасна. Едноставно кажано, премиум производите работат и изгледаат подобро од сè друго што се продава на пазарот. И покрај тоа што тие често имаат повисоки цени, инвестирањето во нив е дефинитивно исплатливо на долг рок.

За да можеме подобро да разбереме зошто некои производи се означени како премиум, би било интересно да се истражат нивните предности. Земајќи го во предвид движечкиот дел на прашањето, треба да донесеме одлука за одреден вид премиум производи.

Ајде да зборуваме за клима уредите и системите за греење. Додека многумина од нас веќе знаат колку е важно да се грижиме за воздухот што го вдишуваме и предностите на квалитетот на воздухот во затворен простор, сепак има многу прашања на кои треба да се одговори пред да го финализираме нашиот избор. Честопати премиум системите за климатизација и греење се проследени со значителна инвестиција, но можете да бидете сигурни дека нивните придобивки заедно со целокупната удобност се дефинитивно исплатливи. Што точно добиваме ако решиме да инсталираме премиум систем во нашата куќа?

Зелена енергија (Обновлива енергија)

Повеќето од премиум производите за климатизација и решенија за греење можат да користат обновлива зелена енергија - соларни панели и геотермална или воздушна енергија. Како сеуште нови и ексклузивни на пазарот, некои компании предлагаат решенија кои користат пумпи за топлинска енергија за да обезбедат греење, ладење и топла вода за вашиот дом во текот на целата година. На пример, „Altherma 3 Geo Thermal“ на Daikin користи само 25% електрична енергија и 75% геотермална енергија. Ова ја прави исклучително енергетски ефикасна бидејќи за секој Khw електрична енергија, се испорачува 5 Khw енергија!

Премиум системите за климатизација и греење се вклучени на повеќе начини во намалување на емисијата на CO2 на вашиот дом. Многу компании ги зголемуваат границите во овој аспект, особено кога станува збор за изворот на енергија на системите. Ексклузивниот R-32 фреон на пазарот има глобален потенцијал за затоплување, што е за една третина понизок од фреоните R-22 и R-410 A кои се денес најраспространети.

R-32 претставува ексклузивен дел од Bluevolution технологијата која се користи кај сите премиум производи на Daikin, компанија која ја има патентирано оваа револуционерна технологија користејќи го најекономичниот Р-32 фреон на пазарот.

zoshto-da-se-odluchite-za-premium-sistem-za-greenje-i-ladenje-03.jpg

Ефикасност

Повеќето премиум системи за климатизација и греење имаат извонредни карактеристики што ги прават да работат подобро и поефикасно од било кои други производи на пазарот. Голем фактор на ефикасноста на овие решенија е рамномерна и доволна дистрибуција на топлина во секој дел од вашата куќа.

Различни премиум единици промовираат поволни карактеристики во различни режими на работа, кои обезбедуваат привремен раст на енергијата, што ја намалува потрошувачката, а итовремено ја одржува температурата во просторијата на исто ниво. На пример, престижните единици што стојат на подот од Daikin имаат моќен режим, кој се вклучува само кога е потребно, во траење од 20 минути пред да се врати во нормалниот режим.

Кога зборуваме за рамномерно дистрибуирано греење и ладење, не можеме да заборавиме да споменеме неколку единици на Daikin кои го користат ефектот Coanda. Овој физички феномен всушност помага протокот на воздухот да ги достигне и најдалечните површина. Сите единици од “Stylish FTXTA-AW” серија имаат внимателно дизајнирани клапни (перки), кои обезбедуваат непречена дистрибуција на температурата низ целата просторија.

Друга голема придобивка од ефикасноста доаѓа од премиум Мулти-сплит системите. Овие системи ви овозможуваат да поврзете до 5 внатрешни единици со единечна надворешна единица, со што ќе користите помалку енергија и ќе го добиете најсоодветен капацитет на климатизација и греење во секој дел од вашата куќа. Престижните Мулти-сплит системи на Daikin ви овозможуваат да поврзете до 5 внатрешни единици од која било големина и тип, со убаво дизајнирана надворешна единица.

Дизајн

Освен што се неверојатно ефикасни, премиум производите често имаат извонреден дизајн. Овие системи за климатизација изгледаат како луксузно парче мебел што убаво го надополнува секој модерен дизајн. Нивните форми, бои и модерни екрани на допир ви оставаат впечаток дека поседувате уникатен футуристички уред. На пример, надворешната единица на пумпата за топлина на воздух-вода од Daikin Altherma 3H HT има светло сиви бои и внимателно дизајнирани странични плочи, кои и помагаат да ја рефлектира светлината и да ја направи невидлива во околината каде што е инсталирана.

zoshto-da-se-odluchite-za-premium-sistem-za-greenje-i-ladenje-02.jpg

Извонредни карактеристики за удобност

Постојат многу дополнителни карактеристики што ја прават употребата на премиум системите за климатизација и греење крајно удобна. Сите тие доаѓаат со прекрасни најсовремени далечински управувачи, автоматско регулирање на температурата во просторијата и сензори и многу други карактеристики. На пример, уникатните премиум решенија на Daikin нудат неверојатно низок звук. Некои од нив работат со звучен притисок од околу 30 db или дури и на ниво слично на шепотење, приближно до 19 db, како што е Daikin Emura. Ова ниво на бучава дефинитивно ќе остане незабележано во кој било дом или работна средина.

Кога правиме избор за нашето следно купување, нашите потреби и трошоци се од најголем приоритет, но премиум производи од кој било вид се дефинитивно избор кој треба да го разгледаме. И покрај тоа што имаат повисока цена, тие често се подобра одлука заради нивната извонредна издржливост, ефикасност, дизајн и карактеристики. Сите сакаме нашите производи да траат и да не служат. Ова и многу повеќе е возможно со современите луксузни премиум производи.

Повеќе информации на: www.daikin.mk

Би можело да ве интересира:

Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Адријан Гаџа е пример како се сака и цени мајка: „Среќен роденден моја Супер Мајко“ Тој постојано ја нарекува мајка си „супер мајка“, па така беше и годинава на неј...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Едина Муса (33) крева тегови во 19-та недела од бременоста: „Спиев кај ќе стигнам, но сега ми се вра... Едина Муса за бременоста: „Првите месеци значително го променија темпото на мојо...
Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, пр... Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, ту...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg