Едина Муса (33) крева тегови во 19-та недела од бременоста: „Спиев кај ќе стигнам, но сега ми се врати енергијата“

Едина Муса за бременоста: „Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на час и работи нон-стоп, до човек што нема желба буквално да излезе од дома“.

edina-musa-33-kreva-tegovi-vo-19-ta-nedela-od-bremenosta-spiev-kaj-kje-stignam-no-sega-mi-se-vrati-energijata-01.jpg

Кошаркарката Едина Муса неодамна објави дека е бремена со фотографија од плажа на која го гали своето трудничко стомаче.

„Ти си сѐ што некогаш посакував. 118 дена ние“, напиша таа во описот на фотографиjата.

Сега, таа открива дека влегла во 19-тата недела од бременоста, дека силата ѝ се вратила и повторно почнала со тренинзи.

edina-musa-33-kreva-tegovi-vo-19-ta-nedela-od-bremenosta-spiev-kaj-kje-stignam-no-sega-mi-se-vrati-energijata-02.jpg

На Инстаграм објави видео како вежба во чиј опис напиша:

„19-та Недела
Скоро и до пола бременост…

Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам.
Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на час и работи нон-стоп, до човек што нема желба буквално да излезе од дома.

Јас не бев јас, и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно не знаев што ме чека.

Се осетив бескорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам било каква работа.
Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од сè.

Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев, и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче, кое тек се формира.

Целта ми беше да останам физички активна, па макар и правела вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг.
Останав доследна до својот збор. Планот беше три пати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана.

Како што влегов во 14-та недела, енергијата како одеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повторувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба.

Како што напредував, така ја зголемував килажата со која тренирам, НО СЕКОГАШ ГО СЛУШАМ СВОЕТО ТЕЛО. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи, како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Едина Муса вежба со тежина: „Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест“ Едина Муса и во 21-та недела од бременоста не сопира со тренинзите со тежина.&nb...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
„Ти си сѐ што посакував“ - Едина Муса објави дека е бремена Кошаркарката Едина Муса објави дека е бремена со фотографија од плажа на која го...
Први фотки од свадбата на Едина Муса и Александар Димитровски Мачка - тесна венчаница, изведба на Па... Со бел бидермаер, романтични бранови во косата, тесна бела венчаница, Едина Муса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg