Четвртиот циклус на проектот за поддршка на младите таленти во Македонија
- Детали
- петок, 24 јули 2020
Гласај за Ново Име и помогни на некого да го оствари својот сон
Уште само малку време остана да го дадеш својот глас на својот фаворит и така да му помогнеш да стане ново, четврто Ново Име во Македонија.
Имено, во тек е четвртиот циклус на проектот „Ново Име“, кој во потполност се реализира од страна на компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“ во Македонија, со желба да ги поддржат и охрабрат младите од територијата на цела држава да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност до 2.500 евра.
До крај на месецот можете да гласате за некој од потенцијалните Нови Имиња, помеѓу овие осум млади луѓе, подготвени со своите вештини да го освојат светот. Оваа ласкава титула до сега успеаа да ја освојат Сандра Туфеска, Новото Име на цртањето, Влатко Иљачев, Новото Име на пеењето, и Антониј Ристески, Новото Име на музиката.
„Во претходниот циклус, победата за влакно ми избега, па се пријавив повторно и овој пат бев упорен да победам. Бидејќи се занимавам со диџејство и музичка продукција, наградата ќе ја искористам да набавам нова опрема“, изјави Антониј и ги повика сите млади од Македонија да се приклучат на овој проект, а останатите да ги поддржат на нивниот пат кон остварување на нивниот сон.
Гласањето во овој циклус на проектот трае до крајот на месецот, односно до 31. јули на полноќ, а победникот официјално ќе биде прогласен ден подоцна, како на самата платформа novoime.mk, така и на социјалните мрежи Facebook и Instagram, каде можете да ги следите сите случувања поврзани со овој проект.
Но, не заборавајте, до средина на август можете да ги испраќате своите пријави за новиот круг, а важно е да се напомене дека пријавите кои ќе стигнат порано, побрзо ќе го поминат и тестот на валидност и ќе бидат објавени на платформата, што ќе овозможи на авторот повеќе време за собирање на гласови.
Гласајте, подгответе ја својата пријава и секако, среќно на сите!