Прво Битолско чоколадно млеко со збогатен состав за поздраво детство
- Детали
- среда, 22 јули 2020
(Битола, 22.07.2020) - Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е новиот вкусен, здрав и хранлив чоколаден млечен производ од Битолска млекара. Првото чоколадно млеко со 10 витамини е со исклучително збогатен состав што го прави посебно корисно за децата и нивниот правилен раст и развој. Витамините А, Д, Е и витамините од групата Б се избрани затоа што се посебно корисни за поттикнување на имунолошките функции, за цврсти коски, здрави заби, подобар вид, здрава кожа и коса.
„Следејќи го брзиот раст и развој на своите деца, родителите секогаш се во потрага по начини како да ги надополнат потребите на своите најмили, барајќи совршено балансиран производ, истовремено хранлив и вкусен, кој ќе го вклопат во добрата забава и квалитетното поминато време со своето семејство.
Навистина сум горда на портфолиото Битолско чоколадно млеко со 10 витамини кое е одговорот токму на оваа потрага на родителите, на уште еден начин, со вкусно и хранливо млеко да го поттикнат психофизичкиот развој на децата”, изјави Полексена Јанкуловска, Маркетинг менаџер во Млекара А.Д. Битола.
Чоколадното млеко со 10 витамини, во својот состав ги спојува млечните протеини, калциумот и најнеопходните витамини во сооднос што е адекватен за дневните потреби кај сите возрасти, особено кај децата. Детскиот млад организам има постојана потреба од витамини и минерали, и затоа потребно е да се погрижиме да внесат доволно квалитетни и здрави состојки преку целиот ден.
Битолско чоколадно млеко со 10 витамини е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, кое потпирајќи се на веќе познатото Битолско млеко со 10 витамини оваа година разви портфолио и во категориите јогурт и сладолед. Достапно е во пакувања од 250ml, 500ml и 1l.
За повеќе информации околу производите и витамините, проверете на следниот линк.