Мама помага со внуците, тато дел од кампања: Родителите на Катарина Ивановска (фото)
- Детали
- недела, 05 јули 2020
Нашиот супермодел има одлични генетски предиспозиции и родители кои ѝ се крилја за да ја реализира секоја своја цел.
Катарина Ивановска ретко објавува фотографии од своето семејство, но пред некое време објави фотографија со мајка ѝ и ќерка ѝ Кира и покажа како изгледаат трите генерации жени во нејзиното семејство, а сега и од татко ѝ.
Извор: Катарина Ивановска Instagram
Таа позираше заедно со него во моќната кампања на Обединетите Нации #SheCounts за поддршка на жените.
„Илјадници девојки ширум светот секојдневно се под влијание на практики што им штетат физички и психички, со согласност на нивните семејства!
Но, има борци за промена на овие предрасуди, стереотипи и нееднаквости!
Манекенката Катарина Ивановска и нејзиниот татко го креваат гласот за реални промени преку почитување, заштита и исполнување.
Нејзиниот живот е нејзина одлука!
Светот ги слуша овие моќни зборови на поддршка дека #SheCounts“, гласеше описот на фотографијата од Катарина со нејзиниот татко.
Родителите на Катарина очигледно ѝ се безрезервна поддршка како во кариерата, така и во нејзината борба за овој свет да стане подобро место за живот.
С. С. | Црнобело