Проект за поддршка на млади таленти во Македонија: Антониј Ристески втората среќа го доведе до титулата трето Ново Име

Проектот Ново Имеуспешно е продолжен во Македонија, а за најмногу гласови во третиот, повратничкиот циклус, успеа да се избори Антониј Ристески, млад ди-џеј од Охрид.

proekt-za-poddrshka-na-mladi-talenti-vo-makedonija-antonij-tisteski-vtorata-srekja-go-dovede-do-titulata-novo-ime-01.jpg

Музиката и овој месец однесе победа, а за Антониј ова беше втора среќа, имајќи во предвид дека во претходниот круг на гласање, во текот на февруари, загуби од тогашниот победник – Влатко Иљачев, кого талентот за пеење и пишување на балади го доведе до титулата второ Ново Име во Македонија.

За потсетување, проектот Ново Име, кој во потполност го реализира компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO, членки на групацијата NOVOMATIC, во средината на март, беше привремено стопиран, како би бил повторно активиран во јуни. Тогаш шанса за унапредување на своите таленти и знаења од областа на уметноста, културата, науката и спортот, добија сите оние кои своите пријави ги испратија во март, а кои беа валидни, и со самото тоа, ги задоволија критериумите да се најдат пред публика на платформата novoime.mk.

„Желба ми е да натапувам на Tomorrowland и таму да ги запознаам големите ѕвезди од DJ сцената, но, сепак, најголем сон ми е да остварам меѓународна кариера, мојата музика да го освои светот“, се зборови на третото Ново Име, осумнаесетогодишниот Антониј Ристески, кој веќе три години е вистински вљубеник во звуците на електронската музика.

Тој всушност, со победата во третиот круг на проектот „Ново Име“обезбеди парична поддршка во износ до 2.500 евра за унапредување на својот талент.

Иста можност веќе сега може да се обидат да добијат сите млади од 16 до 30 години, од цела Македонија, кои се подготвени да ѝ претстават на јавноста некој свој талент и тоа така што ќе ја испратат својата пријава до средина на јули, а повеќе детали за тоа може да пронајдат на споменатата платформа novoime.mk. Потсетуваме и на тоа дека сите оние кои не издејствуваа победа во претходните три круга, може повторно да ја испробаат својата среќа, но, потребно е повторно да се испочитува целата процедура за пријавување. Антониј ја искористи својата втора шанса, која можеби повторно го чека некого од претходно пријавените.

Ги чекаме вашите пријави. Среќно на сите!

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg