Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber Chat асистент и Sparkasse Viber Community
- Детали
- среда, 01 јули 2020
1.7.2020 г. Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“.
Како една од мерките за поголема заштита на граѓаните од евентуално заразување и ширење на коронавирусот ковид-19, Банката ја разви оваа алатка со која го олесни начинот на комуникација со нашите вработени. Апликацијата Viber, која е една од најомилените апликации во секојдневието на нашите сограѓани, сега им овозможува на едноставен начин преку „четување“ и без посета во експозитурите да ги добијат потребните информации за производите и за услугите што им се потребни, да поднесат онлајн барање, да закажат онлајн состанок или, пак, да постават прашање.
„Глобалната пандемија придонесе банките со забрзано темпо да го прилагодат своето работење и опслужување на клиентите преку засилена дигитализација и користење на електронските канали како главни канали за извршување на потребните банкарски операции.
Прилагодувањето кон промените што ги донесе пандемијата е предизвик за секоја организација и треба да го најде вистинскиот модел за комуникација и за опслужување на клиентите, а без притоа да го намали корисничкото задоволство.
Нашиот „Sparky“ Viber асистент ја има улогата да им го овозможи на клиентите директниот контакт со нашите вработени преку видеоповици и директни одговори на прашања на мобилниот телефон, со што ќе се намалат физичките посети во експозитурите и ќе придонесеме за зачувување на општото здравје во заедницата“ – изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Преку Sparkasse Viber Community (заедницата) клиентите редовно ќе ги добиваат информациите за промотивните кампањи на Банката, како и важните известувања од значење за корисниците на нејзините услуги. Станете дел од нашата Шпаркасе „заедница“ на следниот линк.
Како дел од големото семејство на австриската групација на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата, Шпаркасе Банка Македонија континуирано ги следи трендовите во банкарството и се стреми да стане еден од предводниците во развојот на дигиталните услуги во Република Северна Македонија.
Банката и во иднина ќе продолжи да ги вложува своите ресурси во насока на поголема дигитализација, унапредување на банкарските процеси и градење позитивно корисничко искуство при користењето на финансиските услуги како преку дигиталните така и преку традиционалните канали за продажба.