Низ солзи стигнуваат пораки до Унијата на медицинските сестри: „Нема повеќе насмевка, преморени сме и неиздржливо е“

Сестрите, островото на спасот, се премногу исцрпени. Тие се силни додека се сите на број, но бројот на заразени се повеќе и повеќе расте.

niz-olzi-stignuvaat-poraki-do-unijata-na-medicinskite-sestri-premoreni-sme-01 (1).jpg

Во последниот период со енормното зголемување на бројот на пациенти, зголемениот број на приеми, отворањето нови капацитети со истите носечки луѓе ситуацијата ги премори и потребите за одмор рехабилитација станаа неопходни.

Унијата на здруженијата на медицински сестри не може да ги коментира деталите за менаџирањето на сестрите внатре во избраните институции, за тоа сепак треба да кажат одговорните лица. Но, затоа пак Унијата прави сондажа на потребите и се она што треба да следи за нашите колеги кои се ангажирани директно: бенефиции на деновите за одмор, на стажот, платени годишни одмори, финансиски награди, привилегирани систематски прегледи...

„Херои сте кога ја добивате битката, но за жал ние сме соочени со наплив на пациенти. Кога не се почитуваат мерките тоа е како да сте се здружиле со непријателот. Издржавме многу и во други времиња на немири, епидемии, сообраќајни незгоди, и на крајот од се бевме поголеми и посреќни бидејќи успевавме да се справиме. И сега се справуваме но, лавината е се поголема, времето се пролонгира и неизвесноста трае.

Мораме пред професионалниот предизвик да издржиме и да се спротиставиме на стравот, да се поклониме на храброста и чувствителноста која не краси. Да бидеме во мислите со нашите колеги кои се заразија и да се чуваме максимално бидејќи зависиме еден од друг.

Затоа сите медицински сестри кои се префрлени, надополнети, преструктуирани од едно на друго одделение, во други институции, во ковид центрите... треба да бидат платени под тие услови, а не со лични доходи од матичното работно место кое е на друг начин со коефициент изразено. Ова е нешто на кое секојдневно треба да се води сметка бидејќи во овие исцрпувачки работни денови не треба вака да бидат  дестимулирани медицинските сестри.“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата предводена од здружението „За нас“.

Апелираме да се почитуваат дадените превентивни мерки, да се грижиме за себе, за нашето здравје и за здравјето на нашите најблиски.

Драги сограѓани, само со заеднички сили можеме да го спречиме заминувањето без поздрав од овој свет.

Со почит,

Унија на ЗМСТАС

Би можело да ве интересира:

Познати македонски татковци кои уживаа на летување со децата (фото) Перо Антиќ ги одведе синовите во Анталија, откако претходно летуваа и во Грција,...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Зошто играчката „Златен Хари Потер“ ја продаваат по 700 евра – Вистина или уште една масовна интерне... „Златен Хари Потер со код – цена 700 евра!“ Вака отприлика гласат голем број огл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg