Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

(Битола, 01.06.2020) – По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потребите на децата кои се згрижени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје.

bimilk-go-odbelezha-denot-na-mlekoto-so-donacija-vo-zavodot-za-rehabilitacija-na-deca-i-mladinci-01.jpg

„Бимилк како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој. Под мотивот да создадеме подеднакви услови за сите, фокусирани приоритетно на потребите на децата, нивното згрижување и овозможување услови за слободно растење и развивање, го одбележуваме денешниот ден, денот на млекото и сакаме да потсетиме за важноста на млекото, неговите придобивки и да не заборавиме на најважното, дека сите деца заслужуваат исти услови за безгрижно растење”, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

bimilk-go-odbelezha-denot-na-mlekoto-so-donacija-vo-zavodot-za-rehabilitacija-na-deca-i-mladinci-02.jpg

„Снабдувањето со неопходните производи од Битолска млекара е од големо значење за нас, како институција што згрижува деца и младинци на дневна основа и интернатски, за што упатуваме голема благодарност. Донациите и помошта од општествено одговорните компании, како Бимилк, се клучни за непречено функционирање на Заводот, затоа потребна ни е поддршка и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример”, рече директорот Фатмир Ејупи.

bimilk-go-odbelezha-denot-na-mlekoto-so-donacija-vo-zavodot-za-rehabilitacija-na-deca-i-mladinci-03.jpg

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Катарина Ивановска ужива во летото: На плажа со децата, коктели со другарките Со десетина интересни фотографии споделени на Инстаграм, Катарина откри како се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg