Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 01.06.2020: Бројот на новозаболени во пораст - 89 потврдени случаи

Од ден за ден, наместо да се намалува, бројот на новозаболени во земјава расте - каква е состојбата во последните 24 часа?

01-06-состојба.jpg

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 35
- Куманово 12
- Штип 27
- Прилеп 1
- Тетово 7
- Гостивар 1
- Струмица 1
- Кочани 4
- Свети Николе 1

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во:

- Скопје 2
- Прилеп 12
- Велес 3

Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

sostojba-do-01-06-2020-brojot-na-novozaboleni-vo-porast-89-potvrdeni-sluchai-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Марјана од Прилеп направи 500 сармички за Св. Никола: „Ги правев 8 часа, помали се од лажичка“ „Имало години кога сум правела и до 1.000 сармички, но годинава се 500. За подго...
Биљана од Битола направи празнична медена куќичка: „Ми помогнаа ќерката и сопругот, ќе ја јадеме за ... „Куќичката ја правевме едно неделно попладне, а самото 'градење' траеше околу дв...
„Ангелче мое, заедно растевме“ - Момчето на Фросина Кулакова сподели потресна објава по нејзината см... „Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија з...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Штипската четворка наполни 1 година, мајката Благица со емотивна објава: „Не мислев дека толку брзо ... „Вие сте нашиот дар од Бога. Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете на...
Игор Џамбазов за татко му: „Три години без тебе, маестро мој, на истиов ден е роден нашиот ангел Тош... Актерот и шоумен Игор Џамбазов со емотивна порака ја одбележа тригодишнината од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg