Состојба до 31.05.2020: Бројката на новозаразени расте - 62 потврдени случаи
- Детали
- недела, 31 мај 2020
Бројот на новозаболени повторно расте - каква е деталната состојба?
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19.
- Скопје 24
- Куманово 2
- Штип 14
- Тетово 12
- Струга 4
- Велес 1
- Гостивар 3
- Кочани 1
- Валандово 1
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти
- Скопје 5
- Куманово 1
- Тетово 9
- Битола 1
- Гостивар 1
Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.
Би можело да ве интересира:





