Андријана Јаневска ужива во Лапонија: Лови риба во замрзнато езеро, скија со синовите
- Детали
- среда, 15 јануари 2025
Андријана Јаневска, која е страстен риболовец, си исполни голема желба - ловеше риба во замрзнато езеро во Финска.
Пејачката и професорка по виолина, Андријана Јаневска, е на семејно патување во Лапонија, Финска.
Пред заминувањето од Македонија, таа најави дека оди на локација која одамна сакала да ја посети, а сега на Инстаграм споделува фотки и видеа од патувањето.
Откако откри дека била на нордиско скијање со синовите, Андријана си исполни уште една желба - ловеше риба во замрзнато езеро.
Таа сподели видео на кое се гледа како се прави дупка во езерото покриено со снег за да може да се спуштат трските за ловење риба, но и како се чистат дупките од мразот кој се собира во водата.
„Риболов во замрзната вода“ - напиша Јаневска на видеото.
Пејачката е страстен риболовец, а оваа љубов, вели, ја наследила од својот татко.
Таа многу често знае да сподели и фотки како лови риба во Охридското Езеро.
Погледнете повеќе фотографии од зимската авантура на Андријана во Лапонија:
А. Ј. | Црнобело