Стоматолози од Тетово танцуваат во скафандери и маски – позитива за убав ден (видео)

Во период кога животот изгледа сосема поразлично и потешко од она што порано беше нормално, најважно е да се одржи позитивниот дух - стоматолози од Тетово знаат како да се изборат со негативните мисли и по цел ден поминат во работа со скафандери, маски и визири. 

stomatolozi-od-tetovo-tancuvaat-vo-skafanderi-i-maski-pozitiva-za-ubav-den-video-01.jpg

Стоматолозите, иако не се директно во првите борбени линии со КОВИД-19, сепак се изложени на голем ризик заради начинот на работа, но тоа не ги спречува да бидат тука за своите пациенти, а некои од нив успеваат дури и да го задржат позитивниот дух, и покрај маката низ која поминуваат во текот на работниот ден. 

Не е воопшто лесно цели денови да се поминуваат во заштитен скафандер, со ракавици, маска и визир, но позитивноста е она што ги одржува.

Овие стоматолози од Тетово наоѓаат време да се опуштат во ординација и снимија забавно видео кое го споделија со своите фанови и пациенти на Фејсбук, а истото шири позитивни вибрации.

„Ова е нашиот психо-физички и енергетски „boost“ и начин да избегаме на момент од опремата која не дава да дишеме, а сега, за жал, е неделив дел од нашето секојдневие.

Да избегаме на момент од константната загриженост за благосостојбата на сите наши пациенти, на нашиот тим и сите околу нас. Се бориме против сите негативности со позитивни мисли и став и се надеваме на што поскоро надминување на оваа кризна ситуација која апсолутно допре до здравствената, но и до секоја друга сфера на делување.“ - вели д-р Надица Несторовска Арсеновски, која е дел од ПЗУ д-р Ванчо.

Како изгледа работниот ден на стоматолозите во текот на епидемија на корона вирус:

#drvanco #oralsurgery #covid19

07.05.2020 • •

Posted by PHI Dr.Vanco / ПЗУ Др.Ванчо on Thursday, May 7, 2020

Но, тоа не ги спречува во слободното време да се релаксираат со малку музика и танц и да се ослободат од негативните мисли:

#drvanco #oralsurgery #covid19

Малку позитива за убав ден и борба со негативните мисли. 🍀 ПЗУ 'Др. Ванчо'

Posted by PHI Dr.Vanco / ПЗУ Др.Ванчо on Tuesday, May 26, 2020

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска на гости кај другарка на Санторини: „Ова е рај, не е реално колку е убаво“ „Не се плашете кремата која што ја ставам потемнува на сонце, раните се во ред“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg