Уште еден карантински викенд – Во кој период ќе биде дозволено движењето?
- Детали
- петок, 22 мај 2020
Иако полицискиот час изминатиот период беше скратен и имавме можност подолго да уживаме во деновите од викендот, овој продолжен викенд повторно ќе мора да останеме дома.
фото: depositphotos.com
По повод празниците во недела и неработниот понеделник, за да се спречи групирање и ширење на корона вирусот, Владата одлучи полицискиот час да започне од недела во 11 часот и да заврши во вторник во 5 часот наутро.
Во соопштението на владата стои:
Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.
Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.
Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
Би можело да ве интересира:





